Знаете ли зошто на рекламите за iPhone часовникот секогаш покажува 9:41?
На првото појавување на iPhone времето кое можеше да се види на рекламите беше 9:42. Објаснувањето за тоа е едноставно, бидејќи тоа е времето во кое Стив Џобс го најави првиот iPhone во 2007 година.
За време на неговото обраќање од отприлика 42 минути, Џобс изјави: „Денес Apple смислува нов телефон“.
На екранот зад него се појавила слика со телефон на кој времето било 9:42. Но, сè се променило кога е претставен првиот iPad. Отогаш времето покажува 9:41.
Доколку сега ја погледнете веб страницата на Apple, времето на телефоните е 9:41. Не само на iPhone, туку и на сите останати производи,
Зошто времето се променило? И овој одговор е едноставен, судејќи според поранешниот шеф на iOS, Скот Форстал.
- Смисливме дека секое претставување на нов производ треба да биде по 40-минутното излагање. Кога големата слика на производот ќе се појави на екранот, сакаме времето кое се прикажува да биде приближно до вистинското време на часовниците на публиката. Но, знаеме дека тоа нема секогаш да биде толку прецизно точно до минутка. - тврди Форстал.
Времето на iPhone секогаш било точно. Џобс го најави телефонот точно во ова време, водејќи се според преносот во живо на веб страницата Endgadget.
Затоа, компанијата за претставување на iPad-от одлучила времето да биде 9:41, без некоја конкретна причина.