Нова верзија од најпопуларната видео игра „Top Eleven“

Лондон, 26 јануари 2015 –- „Top Eleven Be a Football Manager” (единаесетте најдобри – биди фудбалски менаџер), светски најпопуларната онлајн крос-платформа за спортски видео игри, денес ја лансира верзијата 2015 која е достапна на iOS и Андроид. Играта има 100 милиони регистрирани корисници од целиот свет, со 10 милиони активни месечни корисници.

nova-verzija-od-najpopularnata-video-igra-top-eleven-1.jpg

Креирана од компанијата Nordeus новата верзија може паралелно да се игра на мобилните уреди и на веб, на насловната страна е менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо, а играта им овозможува на играчите да го одберат својот фудбалски клуб, да контролираат сè, од тактиката на својот тим, трансферите на клубот, па до финансиите и исполнетоста на стадионот.

nova-verzija-od-najpopularnata-video-igra-top-eleven-2.jpg

Корисниците се регистрираат преку Фејсбук и ги предизвикуваат нивните пријатели или други играчи да се натпреваруваат во различни фудбалски шампионати, пријателски и куп натпревари, со можност се искачат на врвот во светот на менаџерите, зголемувајќи го сопственото искуство и статусот на нивниот клуб. Уште повеќе, менаџер на Челзи самиот ќе им даде на новите корисници инструкции и упатства во играта, ќе ги сподели своите совети и тактички знаења, за да им помогне на играчите да ги зголемат своите менаџерски искуства и да се искачат на врвот.


Фановите на „Top Eleven 2015” видео играта ќе ги пречекаат новите промени, со подобрувања на корисничкиот интерфејс, како и во графиката, во напредокот во самата игра, и во преговорите за трансфер.


Подобрените функции вклучуваат:

  • Нови анимации, 3D дизајн и подобрен кориснички интерфејс што ќе овозможи извонредно реално искуство.
  • Натпреварот е како огледало на акцијата на теренот, давајќи на играта вистинска и жива атмосфера.
  • Преговарањето трансфер на играчите сега е потешко.
  • Редизајниран е делот во играта за помош, трофеј собата и многу поедноставни се менијата.
  • Многу побрза е обуката на играчите и нивната селекција.
  • Оптимизираната верзија за таблет корисници, овозможува подобра графика и 3D анимации.


Жозе Мурињо, менаџер на Челзи и амбасадор за „Top Еleven“ изјави:

„Менаџирањето со фудбалот е работа на многу љубов и страст за фудбалот. Но, за да се стане навистина успешен, исто така треба да се знае сопствениот тим, многу да се мисли и секако да се надмудрат конкурентите. Видео играта на Nordeus не е ништо поразлично од тоа, и токму поради тоа и јас сум возбуден што сум вклучен во „Top Eleven”  - играта е одличен пример за тоа како совршено се вклопуваат тим менаџментот, вештините и страста“.


Корисниците играјќи лесно може да се префрлат од нивниот smartphone на нивниот таблет, и да продолжат со истата игра како досега, без губење на напредокот – исто така може да се престане со игра на еден уред, а да се продолжи на друг.

Играта може бесплатно да се симне и е достапна на iOS и Андроид од денес.

nova-verzija-od-najpopularnata-video-igra-top-eleven-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg