Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој е добар password?

shto-e-dobar-password-povekjeЛозинката (password) по својата природа е проблематична. Онаа која е лесно да ја запомните лесна е и да ја претпоставите, а оние кои се тешки за...

 

...претпоставување, тешко е да ги запомните.

Сепак, преедноставните лозинки често ги прават луѓето и нивните податоци достапни за секој малку подобар хакер.

Поголем број од лозинките кои ги бираат луѓето се смислени, а тоа значи дека и смисленото може да се погоди.

Што ја прави лозинката добра?

Експертите тврдат дека добра лозинка е онаа која содржи тешки зборови, но добар состав. Никогаш не треба да shto-e-dobar-passwordкористите смислен збор.

Добра лозинка комбинира букви, бројки, а најдобри се оние кои содржат и специјални симболи како $, % и сл.

При избор на password избегнувајте да користите лични податоци како датум на раѓање, име на дечко/девојка, ќерка, син. Треба да биде што подолга и потешка за пробивање.

Пробајте да користите фрази кои е лесно да ги запомните, на пример: Секоја 2 вечер излегувам во истото кафуле и пијам кафе со 3 пријателки - Марија, Ивана и Даниела.

Од тука, лозинката би била: С2вивикипкс3пМИиД. Комбинирајте мали и големи букви и додајте знаци.

Од друга страна, за оние работи кои не ви се толку значајни користете ја секогаш истата комбинација за полесно да ја запомните.

Постои и претпоставка дека ако го менувате password-от често, подобро ќе се заштитите - но, подобро е да имате еден добар отколку многу лоши.

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg