Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Nokia апликација за слепи

Nokia во соработка со универзитетот "Тампере" и финското здружување на слепи и лица со слаб вид, ја претстави бета верзијата на апликацијата...

 

... за мобилни телефони која можат да ја користат слепите лица.

Апликацијата Nokia Braille Reader функционира со подршка на оперативниот систем Symbian S60, a се активира со СМС порака.

- Кога корисникот ќе добие порака, со притискање на горниот десен агол од екранот осетлив на допир се активира читачот, кој со вибрации ја чита пораката буква по буква - велат од Нокиа. Во секој момент, корисникот со подигнување на прстот од екранот може да престане со читањето.

Во компанијата на Nokia истакнуваат дека софтверот е сеуште во тест фаза, така што бараат мислење од корисниците за неговата функционалност и евентуално надоградување.

Апликацијата е наменета за сите уреди на „Нокиа“ кои функционираат со оперативниот систем „симбијан“.

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg