Како работи полиграфот?
За некои претставува голема помош во разоткривање на злодела, а други ја оспоруваат неговата функционалност. Се поставува прашањето, како...
...оваа машина препознава што е лага, а што вистина?
Лажењето, во телото предизвикува невролошка реакција која може да се измери прецизно, иако не се гледа со голо око.
Полиграфот го користи токму фактот дека човечкото тело на десетинка од секундата многу интензивно реагира на лага.
Уредот истовремено мери крвен притисок, интензитет на дишење и електрична спроводливост на кожата која се менува доколку се зголеми потењето.
Четвртиот сензор го мери крвотокот во прстите бидејќи со зголемена нервоза крвта се насочува директно кон мозокот.
Кога испитаникот се одлучува за лага, во неговото тело се случуваат многу мали реакции кој тој неможе да ги контролира: расте крвниот притисок, се забрзува фрекфенцијата на дишење и доаѓа до потење.
Иако во 90% од случаите полиграфот се покажал како точен, на суд не вреди како доказ во вистинска смисла на зборот, само како помошно средство за елиминација на осомничените.
Се смета дека овој уред не може веродостојно да ги покаже овие промени.
Постои можност испитаникот со интензивен тренинг да научи да ги контролира своите емоции што може да доведе до погрешна интерпретација.