5 Најдобри финансиски апликации кои ќе ви го олеснат животот
Некаде помеѓу заработувањето пари, плаќање сметки и задоволување на личните потреби, држењето до буџетот може да ви зададе големи главоболки.
Со толку многу приливи и одливи на вашите пари, некогаш може да се случи и да не знаете точно каква е вашата состојба.
Зарем не би било поедноставно да ги следите финансиите само со еден клик?
Погледнете ги овие 5 најдобри финансиски апликации кои со сигурност ќе ви го поедностават животот:
1. Mint
Милиони луѓе ја употребуваат токму оваа апликација за да управуваат со своите финансии. Оваа апликација ви дозволува да ги следите кредитните картички и сите трансфери на пари. Освен тоа, Mint ќе ве потсетува на заостанатите сметки, долгови, ниски баланси...
2. Credit Karma Mobile
Со помош на оваа апликација лесно ќе можете да ја увидите својата кредитна способност и е одлично помагало за вашите долгорочни планови, на пример ако планирате да земете кредит за недвижнини и слично. Кога се потребни промени, вашата апликација ќе ве алармира со цел да ја одржите стабилноста.
3. Expensify
Идеална е за бизнисмени, бидејќи ви овозможува детален преглед на сите трансакции и ги меморира вашите трошења, па ви овозможува идни пресметки. Доколку често патувате, оваа апликација автоматски конвертира и на тој начин ви ја олеснува работата.
4. DollarBird
Шарена и симпатична апликација која преку графикони и табели ви ја дава пред очи финансиската ситуација. Преку неа, можете да ги следите сите приливи и одливи и секој може да ја користи и разбере поради нејзината едноставност.
5. LevelMoney
Ако барате едноставност и симпатичност, оваа апликација е создадена за вас. Ви ги покажува сите трансакции и се поврзува со вашиот банкарски профил. Преку графикони ви дава чиста слика за вашите финансии и за разлика од другите ви дава предвидување врз основа на минатите трансакции со цел поедноставно да го распоредувате буџетот.