Најдобриот уште подобар: Претставување на HTC One® (M8)
Лондон, 25 март 2014 - Корпорацијата HTC, глобалниот лидер во мобилни иновации и дизајн, денеска го претстави долгоочекуваниот HTC One® (M8), врвната еволуција на наградуваниот HTC One (M7).
Лансиран во сивометална боја со комплетно нов Sense™ 6, HTC One (M8) доаѓа со висококвалитетно метално компактно тело со Smart Sensor Hub што ги предвидува вашите потреби и ги користи контролните функции на Motion Launch™ за да ви ги олесни секојдневните задачи. Новата технологија на Duo Camera испорачува креативни фотографии со професионален изглед и чудесни ефекти, а HTC BoomSound™ повторно поставува нови стандарди за аудио квалитетот на смартфоните.
Peter Chou, главниот извршен директор на корпорацијата HTC, изјави: „Во 2013 го претставивме најдобриот смартфон на светот, но не престанавме да си поставуваме нови предизвици. Како пионери во мобилните иновации, продолжуваме да дизајнираме и да правиме уреди што ќе импресионираат, ќе инсипирираат и ќе ја трансформираат индустријата на смартфони. Денеска со гордост го претставувам најимпресивниот, најинтуитивниот и најнапредниот апарат што досега е виден во индустријата, HTC One (M8).”
Прекрасно дизајниран и однатре и однадвор
Со HTC One (M8) е достигнат уште еден револуционерен пробив во дизајнот и квалитетот; телото на телефонот е одново обликувано за да се добие уште поимпресивен, а истовремено и попристапен изглед. Убавото, издржливо, висококвалитетно метално компактно тело директно се извива во 5-инчниот дисплеј со целосен HD (1080p), а на рабовите се стеснува за тие да се потенки, со поблаги облини за мазен, поприроден фат.
Поддржан со процесорот Qualcomm Snapdragon 801 со 2.3 GHz quad-core Krait CPUs, целосно интегриран 4G LTE и со Android 4.4, KitKat,, најновата верзија на Android OS, HTC One (M8) доаѓа со комплетно новиот Sense 6 достапен на телефонот и како надобрадување од Google Play store.
Целосно редизајниран со почист, поимпресивен визуелен стил, HTC Sense™ 6 содржи смели, нагодливи тематски бои и испорачува поинтуитивно корисничко искуство.
Скок нанапред во сликањето со смартфон
HTC One (M8) донесува целосно поинаква димензија во мобилното сликање преку комбинирање на првиот смартфон на светот со Duo Camera којашто го содржи иновативниот модул UltraPixel од HTC, со двоен блиц и со видео снимање со целосен 1080p HD, произведувајќи неверојатни слики во секакви услови на осветленост и богато, висококвалитетно видео. Предната широко-аголна камера со 5-MP исто така со леснотија фаќа врвни selfies.
Duo Camera доаѓа со длабински сензор, покрај главниот UltraPixel модул, фаќајќи детални длабински информации од сцената и овозможувајќи опсег на убави и креативни ефекти што ви дозволуваат да направите многу повеќе со вашите слики отколку кога и да било досега.
За миг направете портрети со професионален изглед со менување на фокусот на вашата слика откако таа била направено со UFocus™ или направете вашиот субјект да се истакнува на неочекуван начин менувајќи ја позадината со креативни ефекти преку користење на Foregrounder. Исто така можете да им дадете на вашите снимки сезонска нота користејки ги анимациите Seasons. Со Copy & Paste ви се овозможува да го сместите вашето семејство и вашите пријатели во сосема друга слика, додека Dimension Plus им дава уникатна перспектива на вашите фотографии така што ви овозможува да ја гледате сликата од поинаков агол преку едноставно накосување на екранот.
Напредната технологија на камерата функционира и зад сцената сликајќи слики од самиот старт, така што кога блендата е активна, веднаш се прикажува најострата можна слика. Камерата се фокусира со брзина на блендата од 300 msec, произведувајќи убави јасни слики на дејствие што трае дел од секундата, а кога е потребен блиц, интелигентниот 2 x LED Dual Flash автоматски ги селектира вистинскиот тон и интензитет на светлина за поприроден тен и снимка со професионален изглед.
Со толкав капацитет за создавање возбудливи слики, за дизајнерите на Sense на HTC беше приоритет и организирањето во Gallery, па го воведоа Image Match, алатка за визуелно пребарување што интуитивно ги става сите слики што содржат одреден субјект во еден албум.
На крајот, во HTC One (M8) е интегриран и модот Slow Motion кој не само што овозможува да снимате slo-mo видео со 1080p, туку и да забавувате делови од видеото, со што се добива посилна драматика и акција.
Изложи, соработувај и сподели: HTC Zoe станува социјален
HTC Zoe во 2014 еволуира во посоцијална, интерактивна платформа. Поставете ги Zoe Highlight Videos на вашиот feed за сите да можат да ги видат, поканете ги пријателите од вашата мрежа да додадат свои фотографии, видеа и омилени мелодии, па направете ремикс на најдобрите содржини во еден неверојатен демо-приказ од незаборавни мигови.
Zoe апликацијата ќе биде достапна преку Google Play™ летово.
Motion Launch - погодни shortcuts контролирани со движења
Со воведувањето на Sense 6, HTC One (M8) може да се пофали со перформанси што на производот му даваат шесто сетило. На пример, Motion Launch е во состојба веднаш да ја препознае околината, благодарение на интуитивните сензори за движење и близина кои работат на ниско напојување, контролирани од централизиран hub, така што автоматски можете да бидете во интеракција со телефонот без да го вклучувате екранот.
Со едноставно повлекување, уредот автоматски се активира, а Auto Answer ви дозволува да одговорите на повикот така што ќе го ставите телефонот на уво без да го допирате екранот - згодна алатка ако телефонот заѕвони додека копате во градината или ги миете садовите - а со двојно тапнување соодветно го вклучувате или го исклучувате екранот, со што многу се олеснуваат секојдневните задачи.
Футрола HTC Dot View™ - заштитете го вашиот телефон во ретро стил
Извонреден телефон заслужува футрола што го штити и истовремено го збогатува неговиот иновативен дизајн и неговата функционалност којашто е водечка во индустријата. Оптимизирана со Sense 6, новата телефонска футрола HTC Dot View го штити екранот, притоа прикажувајќи ги известувањата и интеракциите во ретро стил на матрица со точки. Како чекор понапред во функционалноста на шестото сетило, со двојно тапнување можете да го активирате Motion Launch или да го проверите времето или временската прогноза, да бидете известени за нови текстови, електронски пораки или повици без да го допрете или да го отворите екранот.
Режим на работа со екстремна заштеда на енергија - екстра време на мирување без екстра наплата
Иновациите не завршуваат овде, затоа што ние го менуваме и начинот на кој луѓето ја користат телефонската батерија. Со HTC One (M7), HTC ја оптимизираше потрошувачката на енергијата за да добиете најмногу од вашиот телефон.
HTC One (M8) го доведува ова на сосема ново ниво со тоа што сега батеријата трае 40% подолго. Иако со нормалниот режим на штедење се испорачува одлично искуство, ние воведовме и режим на екстремна заштеда на енергија, со кој батеријата ќе ви трае уште подолго. Ако целосно се наполни, со овој режим на работа се добива траење на батеријата од две недели, притоа сепак овозможувајќи ви да примате повици, текст-пораки и електронска пошта – што е совршено кога патувате.
Активиран рачно или автоматски, режимот овозможува 60 часа екстра време на мирување при 20% енергија, 30 часа при 10% енергија и 15 часа при 5% енергија, така што кога сте излезени до доцна во ноќта или планинарите, нема да треба да се грижите дека повторно ќе ви се испразни батеријата.
BoomSound станува поголем
HTC One (M8) повторно го издигнува аудио искуството на смартфони до нови височини. Најновата технологија на BoomSound создава импресивен, моќен, кристално чист звук со богати тонови, од бас па сѐ до високите тонови. Испорачувајќи звук којшто е за 25% посилен од порано, без притоа да се компромитира квалитетот, новиот HTC One (M8) има двојни предни стерео звучници со нови засилувачи, редизајнирани комори на звучниците и персонализиран аудио профил за вистинско high definition искуство.
HTC BlinkFeed - Вашите вести директно на вашиот home screen
HTC BlinkFeed е сега поинтуитивен, со континуирано скролување што овозможува искуство на непрекинато прелистување, со приспособливи икони и со нов распоред којшто ги прикажува статиите на јасен и лесен начин за читање.
Со воведувањето на новиот SDK којшто им дозволува на партнерите да ја интегрираат нивната содржина, корисниците полесно можат да најдат и да се претплатат на нови медиумски извори, покрај моменталното создавање на персонализирани информативни сервиси на секоја тема.
Така, независно дали сте по спортот, филмовите или по шопингот, оваа опција ви овозможува да ги добиете информациите што вам ви се најважни. Со News Bundles којшто ги спојува сите статии и твитови од истата тема за полесно читање и со над 1000+ медиумски партнери коишто се сега јасно категоризирани на една страница, следењето на најинтересните вести никогаш не било поедноставно.
Фитнес со еден поглед
Со HTC One (M8) можете да станете поздрави и да останете мотивирани комбинирајќи го неговиот интелигентен sensor-hub којшто штеди енергија, со претходно поставената апликација Fitbit.
Како алтернатива, можете да го користите телефонот во комбинација со некоја од мноштвото функции на Fitbit за следење за да им пристапите на напредните опции како што е функцијата за следење на спиењето и интелигентниот аларм или за да соберете податоци кога вежбате без телефон. Поставете си ги вашите фитнес цели и видете ги вашите постигања без никаков дополнителен напор директно на вашиот BlinkFeed home screen.
Sense TV
Единствениот далечински управувач којшто ви е потребен за HTC One (M8) е редизајниран за да обезбеди втор интерактивен екран. Можете онлајн да ја следите дискусијата за програмата со интегрираните официјални стримови од Facebook и Twitter заедно со најновите fan коментари од вашите социјални кругови.
Sense TV сега ви обезбедува и спортска статистика во живо за десетте најпопуларни спортови во светот, така што спортските фанови сега можат да ги следат најновите резултати, статистиките од натпреварите како и апдејти во живо од мечевите што не смеат да се пропуштат во исто време додека гледаат некој друг меч на главниот ТВ екран.
Глобална достапност
HTC One (M8) ќе биде глобално достапен во метално сива, глацијално сребрена и килибар жолта боја и во Македонија ќе биде во продажба од мај.
За HTC
Основана во 1997, Корпорацијата HTC е креатор на бројни наградувани мобилни уреди и првенци во индустријата. Ставајќи ги луѓето во центарот на сѐ што прави, HTC ги поместува границите на дизајнот и технологијата за да создаде иновативни и персонализирани искуства за корисниците ширум светот.
Портфолиото на HTC вклучува смартфони и таблети со HTC Sense®. HTC котира на Тајванската берза (TWSE: 2498). За повеќе информации, посетете ја страницата www.htc.com.