Произведен прототип на летачки велосипед

Три компании од Чешка ги здружија своите креативни сили и создадоа прототип на првиот електричен, летачки велосипед, кој пред неколку дена го доживеа својот прв, успешен лет во Прага.

proizveden-prototip-na-letachki-velosiped-2

Летот траел 5 минути, а на возачкото седиште била поставена кукла, бидејќи за сега велосипедот не може да издржи поголема тежина.

Фантастичниот летачки велосипед личи на масивен „mountain bike“ и тежи 95 кг. Има по два пропелера кои ги придвижуваат акумулаторите од сите страни.

Како што објаснува Милан Дучек – технички директор на една од компаниите кои го дизајнираа овој велосипед, засега луѓето нема да можат да го користат, додека не се усоврши моќноста на акумулаторите за сигурно полетување и слетување, а,кога тој проблем ќе биде совладан, велосипедот би можел да се пушти и во продажба.

Дали доаѓа ера каде како славниот вонземјанин E.T. (Ити) ќе е поздравуваме во лет, брзајќи накај работа?

proizveden-prototip-na-letachki-velosiped-1

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg