Злато и кожа = Неро Голд
Новите мобилни на компанијата Bellperre се изработени во комбинација од злато, сребро, кожа од алигатор, ајкула, гуштер или бизон, и се едни од...
...најлуксузни мобилни телефони, дизајнирано во Италија, а се рачно изработени во Холандија. Последниот мобилен телефон, кој доаѓа токму од оваа компанија е Nero Gold.
Телефонот е изработен рачно, од високо квалитетни материјали, а се прави по нарачка, така што би се задоволилие сите потреби на идните сопственици.
Јачината на телефонот доаѓа од алуминиум, челик или титаниум, богато украсена тастатура од чисто злато или сребро, додека задниот дел е обложен со права кожа од алигатор, ајкула, гуштер или бизон, и се ова во повеќе од 100 различни бои и е тежок околу 120 грама.
Екранот е заштитен со слој од синтетички кристал на сафир, еден од најтоплите материјали на планетата, така што гребењето или оштетувањето на екранот е практично невозможен.
Покрај овие карактеристики, останатото е речиси стандардно: "Windows" за мобилни телефони, фотоапарат, камера, видео и mp3 плеер, можност за синхронизација со "Outlook", месинџер...
Информација за цени нема, но ако се земе во предвид дека еден од поранешните модели чинеше 11.000 ЕУР, љубителите на луксузот сигурно ќе мора да издвојат прилично поголема сума, ако сакаат да уживаат во овој мобилен телефон.