Јагуар со концепт дизајн за глисери

Иако засега само како концепт, британскиот произведувач на автомобили, Јагуар, изјави дека големи се шансите 6 метарскиот глисер во блиска иднина да ја здогледа светлината на денот.

jaguar-so-koncept-dizajn-za-gliseri-1

Британците изјавија дека овој концепт глисер, со својот остар дизајн, е создаден да го придружува ново претставениот Jaguar Sportbrake XF.

„Веруваме дека нашите постоечки и идни муштерии се луѓе кои уживаат во разновидност и имаат активен животен стил. Па така, со лансирањето на новиот Jaguar XF Sportbrake имавме можност да создадеме визија за тоа како нашата филозофија за дизајн може да се примени на други производи, кај кои брзината и убавината се, исто така, приоритети. Овој глисер ги има дизајнот и особините кои би ги очекувале од еден Jaguar“, изјави Јан Калум, главниот дизајнер на компанијата.

Дизајнот на глисерот зборува дека неговиот труп е изработен од мешавина на стакло и пластика кое се здебелува кон палубата, а одозгора е премачкано со слој на јаглеродни влакна – слично како кај D-Type моделите.

jaguar-so-koncept-dizajn-za-gliseri-2

jaguar-so-koncept-dizajn-za-gliseri-3

jaguar-so-koncept-dizajn-za-gliseri-4

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg