Lenovo OPhone
Првиот мобилен телефон од компанијата Леново би требало симболично да биде наречен OPhone. Инаку веќе се говори дека компанијата Кина мобил како...
...еден од најголемите мобилни оператори во земјата (и во светот) треба да започне партнерство со Леново и да го понуди овој телефон на кинескиот пазар, еден месец пред да почне продажбата на iPhone во Кина.
Најверојатно и едните и другите се надеваат дека појавувањето на овој Леново Андроид телефон може до некаде да го ублажи ударот што ќе го зададе новата верзија на iPhone.
Телефонот би требало да си има следниве карактеристики, 5 мегапикселна камера, ЛЕД блиц, екран осетлив на допир со големина од 3 инчи, простор за СД мемориска картица и којзнае уште колку новитети и додатоци.
Како што можете да погледнете на фотографиите овој телефон има сличен дизај на BlackBerry Storm меѓутоа се е компонирано за да има смисол на естетика.