HP го открива вистинскиот таблет наменет за бизниси
Женева, 1 октомври, 2012 — HP денес го претстави HP ElitePad 900, таблет кој претставува избалансирана комбинација на неодолив дизајн со функционалност и поддршка која им е неопходна на компаниите.
Дизајниран за потребите на бизнисите, владите здравствените установи и големопродажба овој таблет се карактеризира со HP ElitePad Smart Jackets, кој има додатна можност за мрежно поврзување и подолготрајна батерија па така заедно со специфичните додатоци го прават овој таблет прилагодлив за специјална примена.
HP ElitePad е ултратенок, лесен Microsoft® Windows 8 таблет кој има карактеристики кои ќе ги направат ИТ менаџерите среќни при тоа овозможувајќи им дизајн по кој сите ќе мечтаат. Нуди комплетен пристап до услугите и подобрена безбедност и управливост иста како кај HP Elite компјутерите.
HP Elitepad има поминато повеќе од 115,000 саати на тестирање и за да им овозможи на корисниците доверба.
“Голем број на организации кога прават набавка на технолошки апарати се присилени да и дадат предност на функционалноста на местото на дизајнот“ изјави Гервалд ван дер Гип директор на комерцијални производи, Personal Computer Business Unit, HP EMEA. “Според Гервалд ван дер Гип комбинацијата на стилот и корисничкото искуство кај HP ElitePad покажува дека корисниците можат да ги добијат и двете придобивки”.
Таблет креиран за бизнисите
Ергономски дизајниран за да се смести удобно во раката HP ElitePad овозможува 25.7 cm (10.1”) екран, тежина 0.68(3) и димензии од 9.2 милиметри.
Достапност
HP ElitePad 900 се очекува да биде достапен во јануари 2013.