Гугл го превзема Твитер
Американската интернет компанија Гугл е во преговори за купување на сајтот за размена на кратки пораки Твитер, пренел технолошкиот блог Tech Crunch...
...кој проценил дека оваа трансакција би можела да изнесува повеќе од 250 милиони долари.
На блогот на кој е објавена оваа вест се наведува дека цената се движи подоле од 500 милиони долари, колку што друштвената мрежа Фејсбук му понудила на Твитер, но оваа понуда била одбиена од Твитер.
Според оценката на Tech Crunch, Твитер моментално располага со многу добри решенија за капацитетот на пребарувањата во реално време, што значи дека резултатите од пребарувањата веднаш се појавуваат откако ќе бидат објавени на мрежата.
Инаку Твитер и Гугл се во почетна фаза на преговорите и планираат заеднички да работат на пребарувач во реално време.
Твитер што во превод значи крик, им овозможува на своите корисници да разменуваат бесплатни пораки до 140 карактери.
Иако овој сервис е основан во Август 2006, сè уште не успеал да оствари приходи бидејќи нема развиено бизнис модел.
Еден од основачите изјавил дека оваа година Твитер планира да најде начин како да остварува приходи и да може да воведе услуги кој би се наплаќале за професионални потреби. Во моментот Твитер има околу 6 милиони корисници.
Доколку веќе имате профил и сакате да го следите Црнобело на Твитер, кликнете тука.