Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја користат и нашите деца

„Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алатката за вештачка интелигенција character.ai која е популарна кај децата во Македонија. Таа до CRNOBELO.com достави фотографии од вознемирувачкиот разговор. Како изгледа алатката која индиректно довела до самоубиство на момче од Флорида?

majka-od-skopje-zgrozena-od-internet-alatkata-shto-dovede-do-samoubistvo-na-momche-od-florida-ja-koristat-i-nashite-deca-01_copy.jpg

Само неколку дена откако во светот беше објавена веста за смртта на момчето кое посегна по својот живот заради популарната алатка со вештачка интелигенција, до редакцијата на CRNOBELO.com загрижена мајка на девојче од основно училиште во Скопје достави фотографии од разговорите што таа и нејзината ќерка ги воделе со чет-бот на алатката character.ai.

Очигледно, иако мислиме дека овие алатки се нешто што е занимливо за децата од некој друг дел на светот, факт е дека се популарни и кај нас, а и нашите младинци сакаат да живеат во фиктивниот свет и виртуелната реалност што оваа алатка им ги нуди.

majka-od-skopje-zgrozena-od-internet-alatkata-shto-dovede-do-samoubistvo-na-momche-od-florida-ja-koristat-i-nashite-deca-02.jpg

Што е character.ai?

Character.ai e чет-бот алатка која им дозволува на корисниците над 13 години да водат разговори со нивните предодредени карактери и виртуелни соговорници.

Алатката користи вештачка интелигенција за да креира уверливи одговори, па е мошне популарна кај децата и младите луѓе заради тоа што имаат можност сами да си изградат ликови, кои се засновани на одредени луѓе или карактери од поп-културата, или да креираат нешто сосема ново.

Кога ќе се регистрираат, децата може да го изградат својот карактер така како што сакаат, со објава на име, опис, поздрав и глас, а треба да дефинирате како сакате вашиот карактер да разговара или да делува и му давате „карактеристики на личноста“.

Една од особеностите на алатката, што ги привлекува младите, е тоа што имаат можност да комуницираат со голем број карактери, меѓу кои историски личности (живи или мртви), но и веќе креирани чет-ботови кои имаат свои „карактеристики“.

majka-od-skopje-zgrozena-od-internet-alatkata-shto-dovede-do-samoubistvo-na-momche-od-florida-ja-koristat-i-nashite-deca-04.jpgПринтскрин од загрижена мајка од Скопје

Вештачките ботови се тука за да ги сослушаат децата…

Пред извесен период, светот дозна за случајот на Севел Сетцер Трети од Флорида кој си го одземал животот, откако претходно со месеци разговарал со чет-бот на оваа алатка, па дури и развил емотивна врска, а неговата мајка ја тужи компанијата сопственик.

Според неа, алатката довела до тоа, нејзиниот син да стане зависен од програмата и да не сака да живее надвор од фиктивниот свет што го создал.

majka-od-skopje-zgrozena-od-internet-alatkata-shto-dovede-do-samoubistvo-na-momche-od-florida-ja-koristat-i-nashite-deca-03.jpg

Севел 10 месеци водел разговор со „Дени“, компјутерски лик заснован на Денерис Таргериен, лик од серијата „Game of Thrones“, а таа била тука редовно за да го сослуша и да му даде совети за неговите проблеми.

Изјавата на мајката од Скопје, е на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg