Фузискиот Човек лебди
На 15 мај еден авантурист од Швајцарија, кој себеси се нарекува Фузиски Човек, испроба нови јаглеродни крилја на млазен погон и успешно летал 5...
...минути пред да се спушти со падобран. Ив Роси (Yves Rossy) е 48-годишен поранешен воен пилот, а летот бил направен над градот Бекс во Швајцарија. Тој е првиот човек во светот кој летал со крилја на млазен погон.
Роси ја имаше првата презентација на неговите крилја, кои се со распон од 2,5 метри и имаат 4 мали млазни мотори. Во лет може да достигне брзина и до 200 km на час, но може да остане во воздух најмногу 10 минути, затоа што има мал резервоар за гориво.
Роси, кој сега работи во авиокомпанијата Swiss Airline, за првпат го откри неговиот изум во 2004 година. Денес лета како ракетар над швајцарските Алпи.
Но, Роси не си поминувал убаво баш при секој лет. За време на еден лет во 2005 година изгубил контрола над крилјата и не успеал да го отвори падобранот, сè додека не паднал на висина од 500 метри над земјата. За среќа, сè добро се завршило.
Откако ги има дизајнирано крилјата, Роси направил повеќе од 30 моторизирани летови, постојано подобрувајќи го прототипот со помош на неговиот тим. Се надева дека во иднина ќе го подобри дизајнот и ќе може да полетува од земја со своите крилја, а не како сега, со помош на друг авион.
Неговото мото за време на летовите е: „Секогаш имајте подготвен план Б“.
извор: Скопско астрономско друштво
www.astronomija.com.mk