Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира)
Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако имате нов смартфон – кои се знаците дека телефонот ви е можеби хакиран?
Денес смартфоните се неизоставен дел од нашите животи, а токму ова го прави нивното хакирање навистина опасно.
Ако некој добие пристап до нашиот смартфон, тогаш има пристап и до лозинките на апликациите што ги користите, вклучувајќи и податоци од банка доколку некаде ги имате зачувано лозинките.
Хакирањето на смартфонот лесно може да доведе до крадење на вашиот идентитет, а ова, пак, да предизвика цела низа проблеми.
Затоа, важно е да можете да познаете кога смартфонот ви е хакиран, за веднаш да побарате помош и да се заштитите.
Знаци дека телефонот ви е можеби хакиран:
Брзо се загрева
Кога телефонот се полни, или ако го користите долго време, нормално е малку да се загрее.
Но, доколку се загрева многу брзо, дури и кога воопшто не го користите, можно е некој да ви го хакирал.
Батеријата се празни многу брзо
Со текот на времето, батериите „се трошат“ и нивниот капацитет се намалува.
Сепак, ако ова се случи одеднаш или имате нов телефон, можно е да станува збор за хакирање.
Ви се појавуваат чудни pop-up реклами
Pop-up рекламите се оние реклами кои се појавуваат како мали прозорчиња кога отворате веб-сајтови.
Ако одеднаш забележите дека ви се појавуваат многу повеќе вакви реклами на сајтови што ги проверувате редовно, можно е телефонот да ви е хакиран и „заразен“ со вирус кој го „преплавува“ со реклами.
Овде мора да нагласиме – никогаш не кликајте на сомнителни реклами, особено не на веб-сајтови за кои не сте сигурни дека се безбедни.