„Ако треба ќе гладувам за моето дете да носи дизајнерска облека“ – Мајка живее од социјална помош, а троши вртоглави суми на ќерката
- Детали
- вторник, 21 март 2023
„Сакам многу лакови, венчиња, панделки, сè што светка. И секогаш ќе биде така. Ако треба да се изгладнувам за да ѝ купам светкав накит и дребулии на ќерка ми, ќе го направам тоа“, мајка предизвика бура реакции со нејзината изјава - живее од социјална помош, а на 7-месечната ќерка троши илјадници евра, иако некогаш нема пари за сметки.
Британката Кариса Спарк живее од социјална помош од државата, а парите ги троши за да ѝ купи дизајнерски парчиња облека и накит на својата 7-месечна ќерка Лавинија.
Таа живее со 180 долари неделно и наместо да плаќа кирија, со парите купува скапа облека, накит и играчки за својата ќерка. Таа најчесто гладува и јаде само инстант тестенини или супа од конзерва.
Кариса вели дека нејзин приоритет е ќерка ѝ да живее во луксуз. Самохраната мајка живее од социјална помош и студира вонредно за да биде фризер.
„Сакам многу лакови, венчиња, панделки, сè што светка. И секогаш ќе биде така. Ако треба да се изгладнувам за да ѝ купам светкав накит и дребулии на ќерка ми, ќе го направам тоа“, рече таа во реалното шоу Blinging Up Baby, а пренесе Daily Mail.
Кариса често нема доволно пари за да си ги плати сметките и да си ги купи неопходните работи. Но, секогаш купува за својата ќерка пред да размисли за себе.
„Секогаш внимавам Лавинија прво да ги добие работите што ѝ се потребни. Таа има сè, јас сум таа на која ѝ фалат работи. Преживувам со супа од лименка или тестенини, но и тоа е доволно, само ќерка ми да е среќна“, вели Кариса.
Сепак, признава дека сите не ја делат нејзината визија и добива негативни критики за неа, но и за изгледот на ќерката.
„Навистина не се грижам за нив - тоа е изгледот што ми се допаѓа“, додава Кариса.
Таа признава дека нејзината желба да го облече своето бебе во Louis Vuitton и Dior произлегува од лошите односи со нејзината мајка.
„Се надевам дека кога еден ден ќе ги погледне фотографиите, ќе види колку труд вложив и колку е сакана. Никогаш не бев блиска со мајка ми и знаев дека кога ќе имам бебе ќе сакам да бидам блиска со детето“, додава Кариса.
Таа растела со нејзините баба и дедо, бидејќи мајка ѝ ја родила на 17 години и не можела да се справи со одговорноста на бебето.
Кариса признава и дека иако сега и таа е мајка, нејзината баба и понатаму ги издржува неа и Лавинија и финансиски.
А. Ј. | Црнобело