Кејт Мидлтон ги замени елегантните фустани со војничка униформа – идната кралица блеска и во снежни услови (фото)
- Детали
- петок, 10 март 2023
Кејт Мидлтон уште еднаш докажа дека е совршена идна кралица на народот - ги замени елегантните фустани со војничка униформа и во снежни услови, со кал до глуждови, ги посети британските војници и научи како да спасува повредени на терен.
Кејт Мидлтон ги замени елегантните фустани и облече војничка униформа за да ги посети војниците на полигонот Салсбери плејн во Англија.
Принцезата од Велс по смртта на кралицата Елизабета стана почесен полковник на Ирската гарда, а сега првпат отиде кај британските војници.
Таа доби комплименти дека и во униформа делува совршено, а во коментарите на социјалните мрежи велат дека Кејт блеска, иако паќа снег, а таа е во кал до глуждови.
За посетата на полигонот, Кејт избра темнозелена војничка јакна, зелени карго панталони, а под јакната темнозелен плетен џемпер.
Целиот изглед го заокружи со кафеави војнички чизми на врзување, дебели чорапи, ракавици и зелена плетена капа.
Во текот на посетата, Кејт се вклучи во вежбите на медицинските сестри, па научи како треба да се грижи на терен за повредените војници.
Таа имаше можност да разговара со војниците за нивната работа и за нивната неодамнешна посета на Источна Африка.
Инаку, не е тајна дека Кејт е голем поддржувач на воените ветерани и активните припадници на војската. Токму затоа и овој нејзин потег предизвика позитивни реакции во британската јавност.
А. Ј. | Црнобело