11 секојдневни ситуации со кои несвесно оставате впечаток на некултурна личност

Дали разговорите ги завршувате најчесто со реченицата „те барам за кафе“, или пак сакате да ѝ помогнете на пријателката и без нејзино прашање станувате за да измиете садови по седенките? Во кои секојдневни ситуации може да ви се случи да изгледате некултурно?

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-01.jpg

Дали сметате дека тоа што постојано велите „ве молам“ и „ви благодарам“ значи дека сте културни и дека имате добри манири?

Постојат некои „замки“ во секојдневието што може да направат да се чувствувате незгодно и да делувате некултурно.

Во продолжение погледнете неколку примери во кои сосема случајно и без да знаете можете да изгледате некултурно.

Гласно се поздравувате на погреб

Колку пати ви се случило на погреб да ги видите луѓето што не сте ги виделе долго време? Но, потрудете се да останете тивки и смирени.

Дури и тоа што со некого насмеани ќе се поздравите може да се сфати како некултурно и да добиете чудни погледи од останатите.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-02.jpg

Телефонскиот разговор го завршувате со реченицата: „Те барам за кафе!“

Можеби оваа реченица звучи одлично за да го завршите разговорот на телефон, но не е културно некому да му давате лажни надежи дека ќе се видите, а всушност немате намера да го направите тоа.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-03.jpg

Му суфлирате на возачот како да вози

Најлошо е кога до вас имате совозач во автомобилот кој иако нема возачка дозвола сепак смета дека треба да ви дава насоки како и каде треба да возите. Не, не му помагате на возачот на тој начин, само му додевате.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-04.jpg

Да нагаѓате колку години има некој

Кога некој ќе ви рече да погодувате колку години има, не влегувајте во таа стапица. Многу е веројатно личноста да очекува да ѝ кажете дека изгледа помладо, а секако постои шанса да претерате со подмладувањето или сепак да ѝ дадете некоја година плус. Во секој случај вие губите.

11-sekojdnevni-situacii-vo-koi-na-site-mozhe-da-ni-se-sluchi-da-izgledame-nekulturno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Јапонија и сè е можно: Дечко дознал дека неговата девојка е 25 години постара од него, на денот пред... По 7 години врска, на денот пред свадбата, младоликата Јапонка Аки му признала н...
Исповед на жена: „Ме силуваа на 62 години, мислев дека само младите девојки се жртви“ „Неколку месеци по силувањето чувствував болка во абдоменот и при уринирање, тес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg