Најгрозоморното убиство кое го згрози светот – која е манекенката од Кина што е убиена, исечена и ставена во тенџере од семејството на бившиот?
- Детали
- понеделник, 27 февруари 2023
Според пријателите на убиената манекенка Аби Чои, таа не само што го почитувала бившиот сопруг, туку купила и дом за неговите родители. Сепак, ова не ги спречило да ја убијат на најсвирепиот можен начин - минатата недела, делови од нејзиното тело беа најдени во фрижидер, а нејзиниот череп беше пронајден во големо тенџере.
Јавноста се згрози од свирепото убиство на манекенката и инфлуенсерка Аби Чои, кое се случило минатата недела, од страна на нејзиниот поранешен сопруг.
Таа била убиена во Хонгконг – град во кој насилните убиства се реткост – а наводно причината за убиството биле пари.
Аби Чои потекнува од богато семејство од Кина, а според медиумите во Хонконг, нејзиното богатство се проценува на околу 17 милиони долари.
Таа беше популарна инфлуенсерка и манекенка. Во родната земја, Аби важеше за модна икона и трндесетерка, а нејзиниот Инстаграм профил го следат над 100.000 корисници.
Всушност, според азиските медиуми, Аби била една од најбараните инфлуенсерки во својата земја.
Аби се има појавено на насловните страници на магазини како Vogue и Harper’s Bazaar, а неодамна присуствуваше и на Модната недела во Париз.
Инфлуенсерката не откриваше многу детали за приватниот живот, но според нејзини пријатели, се венчала со првиот сопруг на 18-годишна возраст.
Со него има две деца и не е познато кога точно се развеле.
По разводот, Аби почна врска со Там Чук-Кван, со кого исто така има две деца.
И покрај новата врска, Аби продолжила да му дава пари на првиот сопруг, а дури го издржувала и неговото семејство.
Имено, таа им плаќала кирија на поранешните свекор и свекрва, и тоа за луксузен апартман. Потоа им помогнала и да си купат нивен дом.
Братот на првиот сопруг, пак, го вработила како нејзин шофер.
Според пријателите на инфлуенсерката, таа никогаш не кажала ниту еден лош збор за бившиот сопруг и неговото семејство, но токму тие се одговорни за нејзината смрт.
Не е познато што точно ги натерало да ја убијат Аби, но досегашната истрага покажала дека таа планирала да го продаде имотот кој претходно го купила во име на поранешните свекор и свекрва.
Наводно, имотот бил инвестиција, па сега Аби сакала да заработи од него.
Истовремено, Аби им ветила на свекорот и свекрвата дека нема да ги остави на улица, односно дека веднаш ќе им купи нов дом.
Сепак, кога почнале да се појавуваат потенцијални купувачи, семејството на првиот сопруг на Аби се разгневило.
Најверојатно, ова се проблемите и недоразбирањата што кулминираа со свирепото убиство.
Аби беше прогласена за исчезната во средата, 22-ри февруари.
Два дена подоцна, полицијата изјави дека биле најдени делови од нејзиното тело во куќа во Хонгконг. На истото место била најдена електрична пила, како и облека.
Во период од 2-3 дена беа уапсени бившиот сопруг на Аби и неговите родители. Полицијата го приведе и брат му кој работел како возач на Аби.
Според некои извори, најверојатно тој ја киднапирал младата девојка така што ја злоупотребил нејзината доверба.
Подоцна била уапсена и уште една жена која наводно била поврзана со убиството.
Деталите од убиството на Аби се ужасни. Во куќата што ја пребарала полицијата, биле најдени неколку ребра, череп и остатоци од коса во големо тенџере. Според полицијата, на черепот имало дупка која се верува дека е од ударот што ја убил Аби.
Во стан на 10-тина километри од куќата, полицијата нашла екстремитети скриени во фрижидер за кои се верува дека се на инфлуенсерката, открива The Guardian.
По некои делови од нејзиното тело, како торзото, сè уште се трага.
Како што се пишува во светските медиуми, Аби била прекрасна личност која немала кажано ниту еден лош збор за луѓето коишто ја убиле.
Покрај тоа што се грижела за блиските, Аби сакала да им помага и на другите, а основала и организација за заштита на животни.
Спирова С. | Црнобело