Емотивна исповед на маж кој беше спасен 11 дена по земјотресот во Турција: „Не верував дека повторно ќе видам светлина“

Само три часа пред земјотресот, сопругата на 34-годишниот Мустафа се породила со царски рез и тие биле во болница. Кога болницата се срушила, сопругата и ќерката се спасиле, но Мустафа останал затрупан под урнатините речиси 11 дена. Фотките од спасувањето и првата средба со ќерката го обиколија светот, а сега тој го споделува своето страшно искуство.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-01.jpg

Фотографиите од мигот кога 34-годишноит Мустафа Авчи го гледа своето семејство откако беше спасен по земјотресот во Турција го обиколија светот.

Тој поминал 261 час, односно речиси 11 дена под урнатините и бил сигурен дека нема да ги види сопругата и нивното дете.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-09.jpg

Само три часа пред да се случи земјотресот, сопругата на Мустафа се породила со царски рез, па тие биле во болница.

Неколку минути пред да се сруши болницата од земјотресот, Мустафа излегол од собата на сопругата за да купи храна од мензата.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-07.jpg

Собата била на четвртиот кат, а внатре биле сопругата на Мустафа – Билге – новородената ќерка и неговата мајка. Бидејќи четвртиот кат за некое чудо не бил целосно уништен, трите успеале да се извлечат на безбедно.

Но, Мустафа, кој бил еден кат подолу во друг дел на болницата, останал заробен под рушевините.

Со него бил заробен и 26-годишниот Мехмед, а преживеале бидејќи завршиле во вдлабнатина на подот. И Мехмед бил извлечен жив.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-05.jpg26-годишниот Мехмед по спасувањето

Мустафа си го повредил стапалото, а кога го нашле бил сериозно дехидриран, но сега состојбата му се подобрува, па реши да ја сподели својата голгота.

„Не верував дека повторно ќе видам светлина… Не мислев дека ќе излезам надвор. Мислев дека сопругата и детето ми се мртви.

Сега сум толку среќен. Се чувствувам како повторно да сум роден. Единствено чувствувам малку болка“.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-03.jpg

11 дена Мустафа и Мехмед биле заробени во „црна темница“.

„Станавме пријатели. Но, ако сега го видам на улица, не би го познал бидејќи не му го видов лицето – беше толку темно“, вели Мустафа.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-02.jpg

Сопругата на Мустафа била сигурна дека тој загинал, особено кога сфатила дека делот од болницата во којшто бил тој е целосно срушен.

„Изгубив надеж, но сега ми се врати. Се чувствувам како да сум преродена бидејќи се плашев дека моето дете ќе порасне без татко. Верувам дека Бог го слушна гласот на нашето бебе. Се молевме толку многу, а молитвите не беа залудни.

Многу сум среќна. Уште чувствувам возбуда кога ќе се сетам на моментот кога ми кажаа дека Мустафа е жив. Не ми се веруваше додека не го видов со свои очи“, вели Билге.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-06.jpg

Таа додава дека иако делот од болницата во којшто била не бил многу срушен, не ѝ било воопшто лесно да се движи по породувањето.

„Секако дека беше тешко за жена со царски рез да излезе од болницата. Бев во многу тешка положба. Му благодарам на Бог што ми даде сила.

Како излегов, не знам. Бев во собата со бебето. Се породив само три часа пред земјотресот“.

По спасувањето, Билге и ќерката поминале цела недела во болница пред да бидат пуштени.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-08.jpg

Покрај фотките од спасувањето на Мустафа, на социјалните мрежи почна да се споделува и видео на кое тој зборува на телефон.

Веднаш штом бил изваден од урнатините, Мустафа му се јавил на брат му. На емотивното видео се гледа и како Мустафа му ја бакнува раката на спасувачот кој го држи телефонот, во знак на благодарност.

@guardian Mustafa Avci was rescued in Hatay, Turkey over 260 hours after the deadly earthquake first hit. The death toll has neared 42,000 across Syria and Turkey, as officials fear thousands of victims are yet to be found. Click the link in bio to read our latest article about why people are so angry about the disaster response. #worldnews #news #turkey #syria #earthquake #turkeysyriaearthquake #earthquaketurkey ♬ original sound - The Guardian

За турските медиуми, се огласи и братот на Мустафа:

„Снаата, мајка ми и внуката преживеаја бидејќи беа во соба која не се оштети. Но брат ми беше во урнатините. Спасувачите ни кажаа дека не нашле никакви знаци на живот.

Но во мигот кога нè напушти последната надеж, брат ми и неговиот пријател беа извлечени живи. Им благодарам на сите спасувачи што го спасија брат ми“.

emotivna-ispoved-na-mazh-koj-beshe-spasen-11-dena-po-zemjotresot-vo-turcija-ne-veruvav-deka-povtorno-kje-vidam-svetlina-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg