„Чистев по 5 часа на ден, животот како млада мајка ми се претвори во кошмар“

„Постојано плачев, моето ментално здравје почна да страда, чувствував анксиозност и не можев да се релаксирам. Едноставно, дојдов до степен да го презирам мојот живот, дури почнав да си ја уништувам врската со мојот сопруг...“, споделува Ејнџел Сак (25) од Велика Британија.

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-01.jpg

Ејнџел Сак (25) од Велика Британија по раѓањето на нејзината ќерка Евелин во 2020 година и синот Џексон во 2021 година вели дека животот ѝ се претворил во кошмар, откако се опседнала со хигиената во нејзиниот дом.

Таа била убедена дека тоалетот е многу нечист за нејзините деца да го користат и минувала часови и часови во чистење. Неретко имало денови во кои чистела и по 5 часа без прекин.

„Постојано плачев, моето ментално здравје почна да страда, чувствував анксиозност и не можев да се релаксирам.

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-02.jpg

Едноставно, дојдов до степен да го презирам мојот живот, дури почнав да си ја уништувам врската со мојот сопруг Конор. На моменти дури посакував да немам деца воопшто.

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-04.jpg

Како некој глас во мојата глава постојано да ми кажуваше дека сè е нечисто, дури и моите деца, па обидувајќи се да го средам тоа сфатив дека не минувам доволно квалитетно време со моите деца.

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-07.jpg

Во јуни 2021 конечно одлучив да поразговарам со психолог, а си отворив и Инстаграм профил каде отворено говорам за сè и не се чувствувам толку осамена. Се поврзувам со други мајки и споделувам сè со нив.

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-05.jpg

Сега, сум бремена повторно и во јуни 2023 ќе го добијам своето трето дете. Имам тешки мигови и се чувствувам нервозно на моменти. Но, целата оваа борба е долг процес и сето ова го споделува јавно за сите млади мајки да знаат дека се случува секому и дека не се луди.

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-03.jpg

Зборувајте отворено и побарајте помош.“

chistev-po-5-chasa-na-den-zhivotot-kako-mlada-majka-mi-se-pretvori-vo-koshmar-06.jpg

https://www.instagram.com/p/CdyfHfHLdFm/?hl=en

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Татко си е татко: Чарлс му прости на Хари и го прими на 45 минути, но Вилијам нема намера да го види „Хари со душа чекал да добие покана од Вилијам за да преноќи кај него, но намест...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg