Беа финалистки на избор за Мис на светот, се венчаа по 2 години тајна врска – љубовната приказна на мисиците Маријана и Фабиола

Маријана од Аргентина и Фабиола од Порторико се запознале на изборот за Мис на светот во 2020 година и веднаш се вљубиле една во друга. Две години тие ја лажеа јавноста дека се добри пријателки, пред да откријат дека не само што се пар, туку и се венчале.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-misicite-marijana-i-fabiola-01.jpg

Маријана Варела, која ја претставуваше Аргентина на избор за Мис на светот во 2020 година, и Фабиола Валентин, која ја претставуваше Порторико, се запознале на натпреварот, се вљубиле и две години биле во тајна врска.

Минатата година тие ја изненадија јавноста кога соопштија дека не само што се пар, туку и дека стапиле во брак.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-09 (2).jpg

Изборот за Мис на светот во 2020 година се одржуваше во Тајланд, а Маријана (26) и Фабиола (22) се запознале токму таму.

И пред натпреварот, двете девојки биле познати модели и инфлуенсерки во нивните држави.

Маријана, која потекнува од Буенос Аирес, има 138.000 следбеници на Инстаграм, а во Аргентина победила на два престижни натпревара за убавина.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-03.jpg

Фабиола, пак, има речиси 300.000 следбеници на Инстаграм, а исто како сопругата, и таа има победено на неколку натпревари за убавина.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-02.jpg

Уште кога првпат се здогледале, привлечноста помеѓу девојките била обострана, а кога и двете биле избрани во финале, сфатиле дека се вљубуваат една во друга.

Нивните чувства само се засилиле на финалната вечер, кога секоја од натпреварувачките ги покажува и своите уникатни таленти.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-07.jpg

По завршувањето на натпреварот, Марија и Фабиола честопати објавуваа заеднички фотки на Инстаграм и велеа дека станале најдобри пријателки.

Во објавите тие постојано истакнуваа дека се пресреќни што се сретнале и на почетокот никој не се ни сомневаше дека станува збор за нешто повеќе од пријателство.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-10.jpg

Но, кога заедничките објави зачестија, нивните следбеници почнаа да шпекулираат дека сигурно има нешто повеќе.

Девојките не ги коментираа шпекулациите и дури во октомври 2022 година открија дека не само што се пар, туку и дека стапиле во брак.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-04.jpg

Марија и Фабиола споделија заедничко видео на Инстаграм со кадри од нивните заеднички патувања, како и запросувањето.

„Откако одлучивме да ја криеме нашата врска, ги отвораме вратите на нашиот посебен ден“, стои во описот.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-09.jpg

Потоа Маријана и Фабиола почнаа да споделуваат повеќе детали од нивната врска, а сега снимија и заедничка реклама за парфем на брендот на Ријана.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-12.jpg

Во рекламата, девојките зборуваат за нивната врска и изборот за Mис на којшто се запознаа.

„Бевме неразделни иако се натпреварувавме една против друга. Малку по малку, тој момент нè зближи. Сè продолжи да тече и се претвори во ова прекрасно пријателство, кое созреа уште повеќе сега кога сме сопруги.

И, волшебно е да најдете некој таков во вашиот живот“, велат во рекламата на шпански јазик.

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-05.jpg

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-08.jpg

bea-finalistki-na-izbor-za-mis-na-svetot-se-venchaa-po-2-godini-tajna-vrska-ljubovnata-prikazna-na-influenserkite-marijana-i-fabiola-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
„Ме прогонува“ - Бизарна маица со принт од свиња го згрози светот „Оваа страшна маица ме прогонува“ е еден од коментарите за маицата која ги подел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg