Баксуз: Дечко направил волшебно запросување на плажа – девојка му го изгубила прстенот во песокот (видео)
- Детали
- среда, 15 февруари 2023
Веднаш штом Зеј од Австралија ја побарал раката на неговата девојка Саи на плажа во Сиднеј, нејзе ѝ паднал прстенот во песокот. Над 10 луѓе барале 20-тина минути и за среќа успеале да го најдат, а видеото од смешниот миг стана вирално на ТикТок. Како би изреагирале вие во ваква ситуација?
Зеј од Австралија организирал прекрасно запросување за неговата сакана, а било речиси уништено бидејќи таа го изгубила прстенот, и тоа само неколку минути откако ја побарал за жена.
Младото момче најмило професионалец за да му помогне да го организира запросувањето за неговата девојка (сега вереница) Саи.
На плажа во Сиднеј, Австралија, Зеј наредил многу свеќи во форма на круг, а поставил и огромни светлечки букви со зборовите „Омажи се за мене“. До кругот со свеќи, има и црвен тепих.
Бидејќи плажата е популарна помеѓу локалците, додека Зеј го подготвувал теренот, се собрале и многу случајни минувачи кои сакале да го гледаат убавиот момент, а дел од нив и снимале.
На едно од видеата, се гледа како на почетокот сè е совршено – Зеј клекнува на колено, додека огромната публика го чека одговорот на Саи.
Но, следната секунда на видеото има друг кадар на кој се гледа како парот и нивите пријатели панично бараат нешто во песокот – на Саи ѝ паднал прстенот од раката откако кажала „да“.
@jessicacondonn Coogee takes its newest victim
-->♬ Oh No - Kreepa
„Сè се одвиваше добро, според планот, сè додека на нашата убава невеста не ѝ падна прстенот во песокот. Над десетина луѓе станаа и веднаш почнаа да го бараат прстенот“, открива личноста што му помогнала на Зеј да го организира запросувањето.
„Прстенот ми беше малку широк и ми излета од прстот по околу пет минути“, споделува Саи за Sky News Australia.
Поминале 20-тина минути и некој, за среќа, успеал да го најде прстенот во песокот.
Во коментарите на видеото, покрај бројните честитки, многумина се шегуваат дека Зеј требало да биде подобро подготвен и да понесе детектор за метал.
Други, пак, ги споделуваат нивите суеверни ставови и тврдат дека ова е лош знак за идните младенци.
Но, најважно е дека Саи и Зеј се пресреќни, и покрај малата незгода.
„Кажав ДА! Бев потполно изненадена и потполно вљубена. Не можев да си замислам посовршено и поволшебно запросување. Знаеш како да направиш сè да биде посебно и незаборавно.
Ти благодарам што ме направи најсреќната личност на светот“, пишува на објавата на Саи од запросувањето.
Спирова С. | Црнобело