Бајковит живот на село: Градска девојка живее на фарма со сопругот и 7-те деца - молзи крави, си меси леб
- Детали
- четврток, 19 јануари 2023
Хана од САД живее на село, сама прави млечни производи, си меси леб, јава коњи, а била мисица и балерина од Њујорк. Животот ѝ е вистинска рурална бајка...
Хана од САД со својот сопруг Даниел и 7-те деца живее на фарма, каде сами произведуваат храна, чуваат животни и водат комплетно рурален стил на живот.
Многумина кои се презаситени од градскиот хаос и врева, ќе ѝ позавидат веднаш, па дури и ќе помислат за ваков стил на живот.
Таа постојано споделува на својот Инстаграм профил како изгледа нејзиното секојдневие.
Нејзината приказна гласи вака:
„Јас и мојот сопруг Даниел пораснавме како градски деца.
Но, нè фасцинираше животот на фарма, кога живеевме извесен период во странство, поточно во Бразил поради работата на Даниел.
По 4 години живот во Бразил каде се вљубивме во одгледување на овошје и зеленчук и се воодушевувавме на луѓето кои чуваат прасиња и други животни, се вративме во САД, купивме земјиште и настаната нашата фарма „Ballerina Farm“.
Таа се наоѓа во сојузната држава Јута.
Јас сум поранешна мисица и имам дипломирано танц на Џулијард Универзитетот во Њујорк, но се пронајдов во овој стил на живот.
Едноставно уживаме јас, мојот сакан и нашите малечки...“