Навивачи скокаа од мостови во автобусот со играчите, судири со полицијата – Прославата во Аргентина прекината заради инциденти (видео)
- Детали
- среда, 21 декември 2022
Играчите беа евакуирани со хеликоптер, обожавателите се судрија со полицијата, а околу 31 лице се здоби со повреди. Прославата во Аргентина по победата на Светското првенство во Катар заврши со повеќе инциденти. Видеа од моментите кога навивачите од мостови скокаа во отворениот автобус.
Според проценките околу 4 милиони Аргентинци вчера (20.12) се собраа во Буенос Аирес на парадата по повод победата на Аргентина во Светското првенство во Катар, но обиколката на играчите со отворениот автобус мораше да биде прекината откако неколкумина навивачи од мостови скокнаа во отворениот автобус каде беа играчите.
По ова фудбалерите на националната репрезентација на Аргентина беа евакуирани со хеликоптери и со леталата ја продолжија обиколката над главниот град.
На социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа од навивачите кои скокаат од мостови и влегуваат во отворениот автобус каде што биле играчите, а некои од нив и не успеаја, па паднаа од голема височина.
Инаку, прославата заврши откако полицијата и пожарникарите се судрија со масата обожаватели, а според локалните медиуми вкупно 31 лице беа повредени, а 13 лица биле уапсени.
Немирите настанале околу 8 часот вечерта откако полицајците и пожарникарите пристигнале на плоштадот во близина на споменикот Обелиск за да ги растераат обожавателите кои се искачиле на него.
Биле уапсени 4 лица што биле затекнати во споменикот, а службите примиле 800 повици за медицинска помош и исчезнати лица.
Погледнете повеќе фотографии од прославата:
Б. С. Б. | Црнобело