„Ние преживуваме, цел свет страда, тој си се слика“ - Зеленски и сопругата на удар на твитерџиите по новата фотосесија за Vogue
- Детали
- среда, 27 јули 2022
„Додека јас се давам, тој ќе добие улога во Холивуд“ – стои во еден од твитовите објавени по фотосесијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за Vogue. Твитерџиите од целиот свет упатуваат критики до украинскиот претседател и неговата сопруга.
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена се фотографираа за насловната страница на магазинот Вог. Статијата е насловена „Портрет на храброста: Првата дама на Украина Олена Зеленска“.
Во статијата, преку фотографиите на Ени Лебовиц се доловува ситуацијата во која е земјата, но и условите во кои живее претседателското семејство во земјата.
„Ова беа најужасните месеци во мојот живот, но и во животот на сите Украинци. Искрено мислам дека никој не е свесен за тоа како се справуваме емотивно. Но се надеваме на победа, не се сомневаме дека ќе успееме и тоа е она што ни дава сила да продолжиме понатаму“ – вели во статијата Олена.
Сепак, фотографиите и видеата на Vogue наидоа на голем број критики на социјалните мрежи. Според некои, добро е тоа што претседателот и првата дама отворено говорат за војната, а според други, тоа е најлошиот чекор што можеле да го направат.
Твитерџиите од целиот свет реагираат на фотографиите и видеата, гневни заради ценовните шокови предизвикани во голем број европски земји, заради војната во Украина.
„Во дилема сум дали замислата на семејството Зеленски да се појави во Vogue е добра идеја, затоа што за војната не треба да се молчи, или дали е бизарна и ненормална идејата да позирате додека се војува“ – стои во еден твит.
„Ние треба да внимаваме како трошиме, за тој да се слика за Vogue. Додека јас се давам тој добива улога во Холивуд“ – стои во друг.
„Зеленски кога го викаат да се слика за Vogue. Каква војна, каков народ, Vogue ме вика.“
Погледнете го и видеото од фотосесијата на Зеленски за Vogue:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





