Што сè знаеме за мајмунската сипаница, новата закана од која стравува светот?

Од што е предизвикана болеста, како се пренесува, кои се симптомите, колку се сериозни, како се лекува и дали има простор за паника? Сè што знаеме за мајмунските сипаници, новата „закана“ за која се зборува периодов во Европа и светот. 

sto-se-znaeme-za-majmunskata-sipanica-novata-zakana-od-koja-stravuva-svetot-001.jpg

Во 12 земји се потврдени околу 90 случаи на мајмунска сипаница, објави Светската здравствена организација кон крајот на мај 2022 година (податоците може да се променат по објавата на оваа вест).

Организацијата предупреди дека најверојатно ќе бидат пријавени уште случаи. Оваа вест загрижи многумина, но за каква болест се работи и постои ли причина за загриженост?

Која е оваа ретка и не многу позната болест?

Колку се чести мајмунските сипаници?

Болеста е предизвикана од вирусот на мајмунски сипаници, член на истата фамилија на вируси како и на малите сипаници, иако тие се многу помалку сериозни.

Експертите велат дека шансите да се заразите со нив се многу мали. Тие се јавуваат главно во оддалечените делови на Централна и Западна Африка, во близина на тропските дождовни шуми.

Двајца заразени пациенти во Велика Британија пристигнале од Нигерија, па многу е веројатно дека се заболени од западноафриканскиот вид на вирусот, кој обично има поблаги симптоми, но сè уште не е потврден. Третиот случај бил здравствен работник кој го „фатил“ вирусот од еден од пациентите.

Помеѓу четирите понови случаи – три во Лондон и еден во северозападниот дел на Англија – немаат познати врски или историја на патување. Вирусот е регистриран и во Шведска, Португалија, Шпанија, Грција, САД и Канада.

Кои се симптомите?

Почетните симптоми се: треска, главоболка, оток, болки во грбот, болки во мускулите и општа малаксаност.

Кога температурата ќе ви падне, може да избие исип, најчесто прво на лицето, а потоа да се прошири на другите делови од телото, најчесто на дланките и на стапалата.

Исипот, кој може да предизвика екстремно чешање, се менува и поминува низ различни фази пред конечно да формира краста, која подоцна паѓа.

Лезиите можат да остават лузни, а заразата обично поминува сама по себе и трае помеѓу 14 и 21 ден.

Како се пренесува?

Кога некој ќе дојде во близок контакт со заразено лице.

Вирусот може да влезе во телото преку пукнатини на кожата, респираторниот тракт или очите, носот или устата. Може да се пренесе и преку директен контакт за време на сексот.

Може да се пренесе и преку контакт со заразени животни како мајмуни, стаорци и верверички или преку предмети контаминирани со вирусот, како прибор за јадење, постелнина и облека.

Колку се опасни?

Повеќето случаи на вирусот се благи, донекаде слични на сипаници и исчезнуваат сами по себе во рок од неколку недели. 

Сепак, мајмунските сипаници понекогаш може да бидат посериозни, посебно кај луѓе со послаб имунитет, а постојат и наводи дека предизвикале компликации и смрт во Западна Африка.

Колку се чести епидемиите?

Вирусот првпат бил идентификуван кај мајмуни во заробеништво, а спорадични епидемии се пријавени во 10 африкански земји од 1970 година. 

Во 2003 година избувнала епидемија во Соединетите Американски Држави, а тоа било за првпат болеста да биде пријавена надвор од Африка.

Пациентите се заразиле со оваа болест преку близок контакт со кучиња кои биле заразени од разни мали цицачи увезени во земјата. Пријавени биле вкупно 81 случај, но ниту еден не завршил со смрт.

Нигерија ја доживеала најголемата епидемија регистрирана досега во 2017 година, приближно 40 години откако земјата го имала последниот потврден случај на мајмунски сипаници.

Имале 172 сомнителни случаи на мајмунски сипаници, а 75% од жртвите биле мажи на возраст помеѓу 21 и 40 години.

Како изгледа лекувањето?

Не постои специфичен третман за мајмунска сипаница, но епидемијата може да се запре со спречување на заразата. Вакцината против сипаници се покажала како 85% ефикасна во спречувањето на мајмунските сипаници и сè уште понекогаш се користи за таа цел.

Дали треба да бидеме загрижени?

Експертите од Велика Британија тврдат дека не се на работ на национална епидемија, а според јавното здравство на Англија, ризикот за јавноста е мал.

„Погрешно е да се верува дека сме на работ на национална епидемија.

Д-р Ник Фин, заменик-директор на Националната служба за јавно здравје на Англија, додаде: „Важно е да се нагласи дека мајмунските сипаници не се шират лесно меѓу луѓето и дека севкупниот ризик за јавноста е многу низок“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“ „Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ из...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg