Цунамито го скрши Антарктикот
- Детали
- среда, 10 август 2011
Цунамито кое на 11 март оваа година ја погоди Јапонија и речиси предизвика нуклеарна катастрофа во Фукушима, воедно на Антарктикот, кој од Јапонија...
...е оддалечен 13.000 километри, создаде санта мраз со големина колку Менхетен.
Европската вселенска агенција соопшти дека нејзините сателити на 12 март го забележале ударот на цунамито на Антарктикот и кршењето на замрзнатата површина.
Четири дена подоцна забележени се санти мраз во морето, меѓу кои најголемата била долга 9,5 километри, а широка 6,5 километри. Висината на најголемата санта мраз била 80 метри.
Цунамито кое го предизвика земјотрес со магнитуда од 9 степени по Рихтер беше висок најмалку 23 метри. Но, таласите кои дошле до Антарктикот не можеле да бидат повисоки од 30 сантиметри.
И покрај тоа, ритмичкото движење на океанот било доволно силно за да предизвика кршење на замрзнатиот покривач.