Водителка на временска прогноза се појави на екранот со бебето во раце - работата од дома не е лесна (фото)
- Детали
- вторник, 08 февруари 2022
Бебето се разбуди неколку минути пред таа да се вклучи во живо на телевизија. Метеорологот Ребека Шуд ги стопи срцата на милиони на социјалните мрежи откако во еден од нејзините сегменти се појави со ќеркичката во раце.
Ребека Шуд (42) од Висконсин (САД) во моментов поради состојбата со светската пандемија работи од дома за каналот CBS, а нејзината 13-месечна ќеркичка вообичаено спие додека мајка ѝ ја соопштува временската прогноза. Таа во својот дом има зелен ѕид, од каде снима секој ден.
Еден ден кога малата Фиона се разбудила порано од вообичаено, оваа мајка морала да импровизира, па ситуацијата ја искористила за да направи невообичаен вовед на нејзиниот ТВ сегмент.
„Таа е подготвена. Со нас имаме дебело ќебенце за студеното време што нѐ очекува оваа вечер. Мислев дека може да ми помогне да ја најавам временската прогноза“ – рече Ребека.
Вообичаено малите деца немаат многу трпение и ретко може да се види бебе што може подолг временски период да седи мирно без да плаче, но малата Фиона во своето прво појавување на телевизија ги освои сите.
Таа беше мошне смирена и ѝ дозволи на мајка ѝ без проблем да си ги заврши сопствените обврски.
„Само неколку минути пред да се вклучам во живо, моето бебе се разбуди. Застанав до зелениот ѕид и ја држам во рацете, а продуцентот ми вели: ‘Со бебето ќе се појавиш?’
Бев мошне уверена дека таа ќе биде мирна затоа што само што се разбуди од долго спиење и знаев дека ќе биде среќна, па затоа веднаш одлучив и таа да биде тука“ – раскажува Ребека.
Loved seeing @RebeccaSchuld on the air with her daughter, Fiona. Rebecca is working from home right now and Fiona had just woken up. They are so sweet together! #moms #reallife #cbs58 pic.twitter.com/oQDBdF0OsO
— Jessie Garcia (@CBS58ND) January 25, 2022
Оваа мајка, која поради состојбата со пандемијата во моментов работи од дома вели дека прво се чувствувала виновно затоа што ја ставила ќерка ѝ пред екраните, но откако подобро размислила почнала поинаку да гледа на работите.
„Кога седнав и подобро размислив, се запрашав: ‘Зошто се чувствувам виновно?’
Ова е реалниот живот. Ова го прават сите мајки. Одат на работа, нивните деца се разболуваат или нивните деца плачат во заднина. Вистински предизвик е да се биде родител, но голем број од нас ова го прават секој ден. Зошто се криеме?
Сѐ уште си ја вршам работата и да морам да направам пауза кога нешто се случува со бебето, но тоа е вистинскиот живот нели?“- рече таа.
Погледнете го видеото од временската прогноза на Ребека и Фиона:
Б. С. Б. | Црнобело