„Јас сум мајка со некој килограм плус и стрии и самоуверена сум - не ми е грижа што мислат луѓето“

„По бременоста јас имам стрии. Имам и набори од килограмите плус, но тоа не значи дека вредам како личност помалку само затоа што сега носам поголем конфекциски број од порано.“

jas-sum-majka-so-nekoj-kilogram-plus-i-strii-i-samouverena-sum-ne-mi-e-grizha-shto-mislat-lugjeto-01.jpg

Мелиса Сафилд е мајка и сопруга од Велика Британија која сака да ги охрабри сите жени да го прифатат и сакаат своето тело.

Вели дека не е фан на терминот „ширење позитивност за сите облици на тела“ затоа што тоа не е толку лесно.

Таа смета дека прифаќањето и градењето на врска базирана на љубов со нашето тело е едно долго и тешко патување.

Постојано прикачува искрени фотографии од тоа како изгледа, без лаги и Фотошоп.

Нејзината исповед:

„Ќе имате денови кога сте горе и кога сте долу и јас сметам дека не е неуспех да не бидете 100% од времето позитивни во врска со своето тело.

Јас имам стрии. Јас имам набори од килограмите плус, но тоа не значи дека вредам како личност помалку само затоа што сега носам поголем конфекциски број од порано.

Мојот партнер Роберт ми влијае позитивно на самодовербата секојдневно и горд е што сега им помагам и на други луѓе да научат да се сакаат себеси.

Телото е само една капсула, а содржината внатре во него е тоа што ја прави личноста вредна за љубов. И ако некој ми суди мене според изгледот на моето тело, тогаш таа личност не заслужува да има место во мојот живот.

Во текот на растењето немав грижи околу моето тело, но проблемите почнаа кога забременив со мојот син Ривер во 2019-та година. Се сеќавам дека се гледав во огледалото и огромните гради ми висеа над стомакот и си помислив дека изгледам како крава.

По породувањето почнаа карантините и не почувствував некаков притисок за да влезам повторно во моите фармерки, секако не одев никаде и немаше да ме види никој.

Се фокусирав на тоа да имам доволно млеко за доење и не држев никакви диети.

Конфекцискиот број сега ми е многу поголем од порано и нема да се преправам дека секој ден сум задоволна од својот изглед. Љубовта кон себе се гради секојдневно, не е нешто што само се случува за миг и опстојува.

Мора да се работи на тоа, тоа е процес.

Најважно е да се тргнете од негативата и од луѓето кои ви упатуваат лоши коментари.

Јас зборувам отворено на мојот Инстаграм профил за другите жени да знаат дека не се сами и да сфатат дека без разлика како изгледа нивното тело треба да го прифатат и сакаат.“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Растеле во мизерни услови со родители алкохоличари - светски ѕвезди кои биле сиромашни како деца Џастин Бибер немал пари ни за сок. Ники Минаж секоја вечер на колена се молела д...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg