50.000 сијалички и Сваровски ѕвезда – елката во Рокфелер центарот го означи почетокот на празничната сезона (фото+видео)
- Детали
- четврток, 02 декември 2021
Украсена со 50.000 сијалички и ѕвезда со Сваровски кристали, која тежи 408 килограми, елката во центарот Рокфелер во Њујорк го означи почетокот на празничната сезона.
Вечерта на 1-ви декември беа вклучени сијаличките на познатата елка во њујоршкиот Рокфелер центар – настан за кој многумина велат дека го обележува почетокот на празничната сезона.
За разлика од лани кога вклучувањето се пренесуваше само онлајн и преку телевизија поради пандемијата, годинава имаше богата програма со неколку изведувачи, а на настанот можеа да присуствуваат и луѓе.
Елката е висока 24 метри и тежи неверојатни 12 тони, а според веб-сајтот на центарот Рокфелер, дрвото е старо околу 85 години.
Украсена е со 50.000 шарени ЛЕД сијалички со кабел долг речиси 8 километри.
Можеби најпрепознатливиот детаљ на елката е големата ѕвезда на врвот. Направена во 2018 година според дизајн на архитектот Даниел Либескинд, ѕвездата е изработена од 3 милиони Сваровски кристали и тежи 408 килограми.
На официјалниот Инстаграм на центарот споделија видео од волшебниот момент, а набрзо потоа социјалните мрежи беа преплавени со фотки и видеа од елката.
Фотки и видеа од елката во центарот Рокфелер:
https://www.instagram.com/p/CW941W4Fzvl/
https://www.instagram.com/p/CW-BLuHugWY/
https://www.instagram.com/p/CW-Dfh2LD3u/
Спирова С. | Црнобело