„Се спасивме од хоророт на Меланија“ - Првото божиќно украсување на новата прва дама на САД (фото)
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
„Конечно се спасивме од хоророт на Меланија Трамп“ – коментираат дел од луѓето на социјалните мрежи откако беа објавени првите фотографии од декорациите во Белата Куќа по повод претстојните божиќни празници.
Првата дама на САД, Џил Бајден, ги претстави божиќните декорации во Белата Куќа, а фотографиите од украсувањето наидоа на голем број позитивни коментари на социјалните мрежи.
Темата на годинешните декорации е „Подароци од срце“.
Погледнете го видеото како изгледа Белата Куќа деновиве:
Џил Бајден за првпат е одговорна за декорациите во Белата Куќа, а твитерџиите не можеа да не нè потсетат на чудните декорации на поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, која минатата 2020-та година за последен пат беше задолжена за овој мошне важен детаљ.
„По четири години, благодарение на првата дама Џил Бајден, нормалниот среќен Божиќ се враќа во Белата Куќа. Ова е крајот на темните, дистописки божиќни декорации на Меланија Трамп што сакаше да покаже дека ’се отепува од работа за Божиќ‘. Кому му е гајле?“
After four years, thanks to First Lady Jill Biden, a normal, happy Christmas returns to the White House. It’s the end of Melania Trump’s dark, dystopian Christmases of “I’m working my a** off on Christmas stuff. Who gives a f**k about Christmas?”. pic.twitter.com/t5NobsOeQS
-->— Mike Sington (@MikeSington) November 23, 2021
Голем број од твитерџиите ги пофалија декорациите на Џил Бајден, а велат дека се благодарни што се спасиле од хоророт на Меланија.
Во само една недела, околу 100 волонтери ги декорирале надворешниот и внатрешниот дел на Белата Куќа со вкупно 41 елка, украси од околу 2.000 метри долга декоративна лента и 78.750 божиќни светилки.
Погледнете како изгледаат декорациите од Белата Куќа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело