Руска инфлуенсерка е копија на Скарлет Јохансон: „Луѓето ми честитаат, но и ми се закануваат за филмови - мислат дека сум актерка“
- Детали
- среда, 24 ноември 2021
Екатерина од Русија има 24 години и милиони следбеници на социјалните мрежи поради нејзината сличност со Скарлет Јохансон. Таа вели дека луѓето ѝ честитаат за одличните изведби, но и ја критикуваат за некои филмови, бидејќи се убедени дека таа е холивудската актерка.
Екатерина Шумскаја од Русија е 24-годишна инфлуенсерка која станала популарна благодарение на неверојатната сличност со Скарлет Јохансон.
Младата девојка има 1,1 милиони следбеници на Инстаграм и неверојатни 10 милиони следбеници на ТикТок и вели дека луѓето неретко се убедени дека таа навистина е познатата актерка.
„Луѓето на интернет постојано мислат дека сум Скарлет, но јас не се преправам дека сум неа. Многу често и ми честитаат за одличната изведба во Black Widow“.
@mimisskate ♬ original sound - xxtristanxo
Иако Екатерина вели дека почнува да ѝ пречи тоа што луѓето мислат дека е Скарлет бидејќи сака да има свој живот и да се пробие со нејзиното име, сличноста со актерката ѝ помогнала да стане успешен модел во Русија.
Нејзината популарност се зголемила толку многу, што Екатерина морала да се пресели од родното гратче во Москва каде што има повеќе ангажмани.
Екатерина вели дека првпат добила коментари за сличноста со актерката уште на 12-годишна возраст. Имено, неколку соученици ѝ спомнале дека премногу личи на неа.
„Не очекував некој да ми каже нешто такво. Потоа сфатив дека навистина личам на неа, но не обрнував многу внимание на тоа“.
@mimisskate Do you miss black widow??
♬ оригинальный звук - Kate Shumskaya
На ТикТок, Екатерина често споделува видеа облечена како популарните ликови на Скарлет Јохансон, а прави и слични фотосесии. Сепак, вели дека некогаш сличноста ѝ претставува проблеми.
На пример, кога Скарлет Јохансон беше критикувана за улогата во Ghost in the Shell бидејќи оригинално нејзиниот лик потекнува од Јапонија, а таа е бела, и Екатерина добивала заканувачки пораки. Некои оделе дотаму што ѝ пишувале дека „ќе ја убијат“.
Иако инфлуенсерката вели дека нема многу работа за моделите кои личат на некоја позната личност, таа сепак заработува доволно за неа и нејзините родители.
Претходно младата девојка имала многу ниска плата, а откако објавила видео облечена како лик на Скарлет, сфатила дека може да заработува од тоа.
„Ми здодеа од работата што ја имав и знаев дека не заработувам колку што заслужувам. Па, едно утро се разбудив и си помислив ’Младоста ми поминува и никој нема да ме забележи ако не направам нешто‘“.
Наводно, Екатерина пробала да стане модел уште на 17-годишна возраст и постигнала успех во родната Русија, но набрзо се откажала поради злобните коментари што ги добивала онлајн.
Сега вели дека не им обрнува многу внимание, но и дека ако вистински сака да успее, ќе мора да се пресели во друга држава.