Пиеше млеко со цуцла среде улица, откри како се криеле со Хари – Меган Маркл гостуваше кај Елен Деџенерис
- Детали
- петок, 19 ноември 2021
Меган Маркл гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис каде што покажа нова фотка од синчето Арчи, прозборе за мајчинството, но и се согласи да биде дел од познатите шеги на водителката, докажувајќи дека строгите кралски правила повеќе не важат за неа.
Меган Маркл се согласи да биде дел од шегите на Елен кои станаа норма за сите нејзини гости, па излезе надвор од студиото и почна да прави бизарни работи по наредба на водителката.
Во инсертот од емисијата, 40-годишната Меган застанува пред уличен продавач, а преку слушалка ги слуша наредбите на Елен и се однесува навистина чудно.
Прво водителката ѝ вели на Меган да клекне среде улица, и Меган ја слуша.
Потоа застанува пред тезгата на продавач на сосови и кога продавачот ѝ дава сос со чипс за дегустација, Меган скока како мало детенце и почнува да го јаде на чуден начин додека продавачот ја гледа зачудено.
Откако пробува навистина лут сос, Меган почнува да пие млеко од шише за бебиња.
Потоа Меган оди кај друга улична тезга, на главата си става венче со уши и ѝ вели на продавачката дека сака да ѝ покаже како ги забавува нејзините деца. Потоа војвотката почнува да мјаука и да вика дека е мачка.
Меган се приближува и до тезга со кристали, каде што зема еден од кристалите, го става на главата и почнува да прави чудни звуци.
Целото видео:
Покрај тоа што ја покажа својата забавна страна со однесување кое сигурно би било неприфатливо за членовите на кралското семејство, Меган сподели и нова фотка од синчето Арчи.
На фотографијата малото момче е свртено со грб додека ги храни кокошките во нивниот дом во Калифорнија. Ова е првпат Меган и Хари да покажат фотографија од Арчи по неговиот втор роденден во мај.
Во интервјуто, Меган прозборе и за животот со Хари, Арчи и 5-месечната ќерка Лилибет од која уште немаат споделено ниту една фотографија.
Војвотката откри дека Арчи ја сака улогата на поголем брат, како и дека навистина сака да танцува. Самата Меган, пак, обожавала да готви и е пресреќна што ќе го помине Денот на благодарноста со Хари и децата со домашно направен оброк.
Војвотката сподели и со какви предизвици се соочуваат со Хари.
„Некој му рече на Хари дека кога имаш едно дете, тоа е само хоби, а две деца се родителство. Тогаш сфативме дека сите зборуваат за тоа како му е на второто дете, но никој не прашува како се адаптира првото кога ќе пристигне второто“.
Меган истакнува дека со Хари вистински уживаат во животот во Калифорнија.
„Се преселивме овде за време на локдаунот кога сè беше затворено, па можевме да поминеме многу време дома и да се фокусираме на нашиот дом. Времето е прекрасно и среќни сме“.
Војвотката откри и забавен детаљ од врската со Хари пред целиот свет да дознае дека се пар. Имено, тие заминале на забава за Ноќта на вештерките со маски каде што никој не ги препознал.
„Хари дојде да ме види во Торонто и бевме заедно со двајца пријатели. Четворицата излеговме со маски за Ноќта на вештерките за да се забавуваме за последен пат пред целиот свет да дознае дека сме пар. Имавме бизарни костими, па тоа ни овозможи слободно да се забавуваме за последен пат“.
Меган го искористи интервјуто и да го сподели нејзиното мислење за породилното отсуство во САД – потег што беше критикуван од многумина кои сметаат дека Меган не треба да се меша во политиката на САД.
Војвотката сподели и неколку фотки од нејзиното детство, откривајќи дека ја нарекувале кловн поради густата виткана коса.
Спирова С. | Црнобело