Застрашувачки фото-споредби: Како глобалното затоплување може да ги промени светските дестинации?
- Детали
- вторник, 26 октомври 2021
Со топењето на мразот на половите ќе се зголеми нивото на морињата и океаните и можно е сите крајбрежни дестинации да се најдат под вода, а овие фото-споредби одлично покажуваат што нè очекува ако не преземеме нешто.
Глобалното затоплување е сериозен проблем и претставува закана дури и за нашата егзистенција. Поради зголемувањето на просечната температура на Земјата, „вечниот“ мраз се топи, со тоа менувајќи го составот на морињата и океаните. Односно, водата од овој мраз го намалува количеството сол во океаните – нешто што водниот свет нема да го преживее. А, ова не е единствениот проблем.
Топењето на огромните површини мраз ќе го зголеми и нивото на морињата и океаните, а сите знаеме што ќе се случи тогаш – сите крајбрежни места ќе бидат под вода.
Со цел да ни ги доближат катастрофите што можат да се случат ако не преземеме нешто, организацијата Climate Central направи неколку застрашувачки фото-споредби на кои се гледа како би изгледале најпознатите места во светот кои се во близина на море или океан ако температурата на Земјата се зголеми за само три степени Целзиусови. Сигурно веќе претпоставувате дека сите места се барем делумно под вода.