Неговите родители не ја прифаќале, сега се 12 години во брак – Иванка Трамп во бикини се бакнува со сопругот
- Детали
- среда, 06 октомври 2021
Иванка Трамп не била прифатена од родителите на Џаред, но направила жртва за да ја одобрат нивната врска - сега се 12 години во брак и јавно разменуваат нежности во разголено издание.
Иванка (39) и Џаред (40) викендов беа во посета на воден парк заедно со нивните три деца, ќерката Арабела Роуз (10) и синовите Џозеф Фредерик (7) и Теодор Џејмс (5).
Во Мајами поранешните советници во Белата Куќа се појавија во опуштено издание - Иванка во бикини и проѕирна наметка, а Џаред ги покажа извајаните стомачни мускули.
Иванка Трамп и Џаред Кушнер се заедно од 2005-тата година, а во 2008-мата година морале да раскинат затоа што неговите родители се противеле на врската, затоа што тие се Евреи, а таа била од друга религија.
Сепак, во 2009-тата тие повторно почнале да се гледаат и одлучиле да стапат во брак, откако претходно Иванка го прифатила јудаизмот како религија.
Годинава на 25-ти октомври, Иванка и Џеред ќе прослават 12 години брак. Откако нејзиниот татко Доналд Трамп загуби на претседателските избори во САД, таа и Џаред одлучија да се преселат на Флорида.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело