Стјуардеса се качи на врвот на Бурџ Калифа (828 м.) за реклама за Emirates Airlines – како се одвивало снимањето? (видео)

Авиокомпанијата Emirates Airlines направи реклама на која стјуардеса стои на врвот на Бурџ Калифа. По критиките дека користеле зелен екран за „највисоко снимената реклама во светот“, авиокомпанијата покажа како се одвивало снимањето, докажувајќи дека жената навистина се искачила на врвот на највисоката зграда во светот.

stjuardesa-se-kachi-na-vrvot-na-burdzh-kalifa-828-m-za-reklama-za-emirates-airlines-kako-se-odvivalo-snimanjeto-video-01.jpg

Авиокомпанијата UAE Emirates Airlines неодамна објави видео со цел да „прослави“ за тоа што Емиратите се најдоа на таканаречената „килибарна листа на патување“ на Велика Британија.

Кога станува збор за интернационални летови до Британија, патниците кои ќе долетаат од државите на оваа листа треба поминат 10 денови во карантин.

Претходно Емиратите се наоѓаа на „црвената листа“, односно оттаму до Британија можеа да летаат само Британци, па авиокомпанијата навистина имаше повод за прослава.

Но она што привлече најмногу внимание е видеото објавено од авиокомпанијата. На видеото се гледа стјуардеса качена на врвот на Бурџ Калифа, на височина од 820 метри, која држи транспаренти со натпис:

„Тоа што Емиратите се наоѓаат на килибарната листа на Британија прави да се чувствуваме како да сме на врвот на светот“.

Видеото беше претставено и како „највисоко снимена реклама на сите времиња“.

Сепак, кратко по објавувањето, јавноста почна да ја критикува авиокомпанијата дека лаже и дека рекламата е снимена во студио, со зелен екран.

Сега, пак, сакајќи да ѝ докаже на јавноста дека не станува збор за никакви специјални ефекти, од компанијата споделија и видео на кое покажуваат како се одвивало снимањето.

Ова значи дека стјуардесата, односно моделот кој глуми стјуардеса, навистина се искачила до врвот на Бурџ Калифа.

Во второто видео можете да видите дека стјуардесата има безбедносни јажиња под облеката, а искачувањето од 160-тиот кат до врвот на зградата траело повеќе од еден час.

Рекламата, пак, е снимена само со еден дрон. Во видеото е нагласено и дека за рекламата било потребно многу планирање, како и следење строги протокли за безбедност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Вознемирувачко видео: Мигрант во Шпанија удри бебе, па се закани: „Следниот пат ќе ја убијам“ Мигрант од Еквадор е уапсен откако нападнал брачен пар со бебе во Шпанија. Видео...
Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
Вирално видео: Девојче (4) има совршен одговор за момчето што ѝ кажа дека не му се допаѓа нејзината ... „Ох, душо, се гордеам со тебе. Застана во своја одбрана, а тоа е важно. И важно ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg