5 психолошки трикови за веднаш да оставите добар впечаток кај луѓето, според животен тренер
- Детали
- сабота, 20 мај 2023
Запомнете го името на соговорникот, обидете се да го копирате неговиот јазик на телото... На кои мали детали треба да внимавате кога се запознавате со нови луѓе за веднаш да им оставите позитивен впечаток?
Запознавањето нови луѓе за многу од нас претставува дополнителен стрес, затоа што не знаеме дали веднаш ќе им се допаднеме.
Животен тренер открива пет психолошки трикови што ќе ви помогнат да си ги подобрите шансите за добра комуникација.
Психологот и животен тренер Франческа Тигинеан сподели неколку психолошки совети за коишто вели дека ќе ви помогнат некому веднаш да му се допаднете и уште поважно е тоа што, за да предизвикате симпатии кај луѓето не треба да се менувате „од корен“.
Ако сте од оние луѓе што се нервозни кога склопуваат нови познанства, направете белешки или запомнете ги следниве совети:
Замолете ги да ви направат мала услуга
Кога говориме за мали услуги, тоа не значи дека треба од непознат странец веднаш да побарате да ви биде „жирант“ или „да ви го позајми автомобилот“.
Не тука се мисли на мали услуги во контекстот на ситуацијата.
Според Франческа, тоа што од некого ќе побарате мала услуга може да направи луѓето веднаш да ве забележат и да им се допаднете.
Таа вели дека тука се мисли на познатиот „ефект на Бенџамин Френклин“ и според неа едноставните молби од типот: „Ве молам, може ли да ми ја подадете солта“ имаат голем ефект.
Како што напоменува, на потсвесно ниво, на луѓето веднаш им се допаѓате затоа што им изгледа како да ви прават „голема“ услуга.
Користете го нивното име
Можеби имате проблем со имињата, па често ги заборавате.
Но, според Франческа мошне е важно да бидете фокусирани, затоа што користењето на името на личноста на којашто ѝ се обраќате е мошне важно за да воспоставите конекција.
„Навистина сакаме да си го слушаме името од страна на некој друг затоа што тоа прави да се чувствуваме важно и ценето“ – вели Франческа.
Почекајте неколку минути за да одговорите
Наместо да одговорите веднаш кога некој нешто ќе ве праша за време на разговор, според Франческа подобро е да земете здив и да почекате неколку секунди пред да почнете да зборувате.
„Ова ќе направи тие да се почувствуваат како навистина да размислувате за тоа што ќе го кажете и оддавате впечаток дека сте добар слушател“ – вели таа.
Внимавајте на говорот на телото
Набљудувајте го говорот на телото на вашиот соговорник и обидете се да го копирате.
На овој начин ќе влијаете на нивната поствест и ќе направите тие да бидат уверени дека имате голем број сличности.
„Кога разговарате со некого обидете се да го користите нивниот говор на тело и обидете се да говорите со истиот тон и брзина како нив.
На овој начин ќе влијаете врз нивната потсвест дека сте слични со нив и ќе направите повеќе да ви веруваат“ – вели таа.
Комплименти
Велат дека со комплименти можете да стигнете далеку. Доколку нешто ви се допаѓа кај личноста што ја запознавате, тогаш немојте да се срамите да ѝ кажете.
Според Франческа, комплиментите се клучни за некој да се чувствува ценето од ваша страна.
„Ни се допаѓаат луѓето што се слични со нас. Со тоа што ќе знаете како да цените некого и како да му дадете комплименти, само ќе направите повеќе да му се допаѓате“ – вели таа.
Во продолжение погледнете гo видеoтo на Франческа:
@francescapsychology ##psychologytricks ##psychologyadvice ##psychologyfacts ##bodylanguage ##benjaminfranklin
♬ original sound - Sickickmusic
Б. С. Б. | Црнобело
Фото: freepik.com