Торнадо го опустоши југоисточниот дел на Чешка – има жртви и повредени (фото+видео)
- Детали
- петок, 25 јуни 2021
Низ неколку села во југоисточниот дел на Чешка имаше торнадо кое зема три животи и повреди повеќе од 100 луѓе. Според локалните жители, по торнадото, најпогодените места изгледале како воена зона.
По пустошот биле испратени спасувачки екипа од целата држава, а стигнала помош и од соседните држави Австрија и Словачка. Според метеоролозите, торнадото најверојатно достигнало брзина и до 332 километри на час.
Најпрво 63 луѓе биле однесени во болница, од кои тројца починале. За жал, сега се проценува дека има над 100 повредени, а голема е веројатноста да има и други бидејќи спасувачките екипи уште бараат низ урнатините.
BREAKING: Tornado causes major damage in the Czech Republic https://t.co/TdSm87Z4gG
— BNO News (@BNONews) June 24, 2021
Според градоначалникот на една од погодените области, торнадото уништило половина село:
„Црквата остана без кула, основното училиште нема покрив, а од некои куќи останаа само ѕидовите“.
Торнадото предизвикало и застој во сообраќајот, како и проблеми со далноводите, па над 100.000 домови останале без струја. Во областа е прогласена и вонредна состојба.
Според BBC, торнадата не се така ретка појава во Европа. Односно, на континентот се забележуваат стотина торнада секоја година. Јавноста воопшто не е свесна за повеќето од нив, бидејќи обично се формираат на ненаселени места.
Кога станува збор за Чешка, овде се нема појавено торнадо од 2018-та година.
Tezko verit, ze neni dusledek valky, ale tornada v Breclavi 😰 pic.twitter.com/aYbGLAjwye
— @Marketa Kutilova (@kutka18) June 24, 2021
Торнадата се појава забележана на секој континент, освен на Антарктикот, а „лидерот“ во оваа област е дефинитивно САД. Овде се забележуваат над 1.000 торнада годишно, кои се покатастрофални од кое било друго место.
Последиците од катастрофалното невреме во Чешка низ фотографии:
No ty vole pic.twitter.com/yVHJtU3ZgG
— Nedakoňský vidlák (@nedavidlak) June 24, 2021
Спирова С. | Црнобело