Има свршеница и ќерка на иста возраст: „Не барав толку млада жена, така се случи-таа има добро срце и постојано ме засмејува“

„Разликата во годините не ме загрижува и не би требало да загрижува никого. Ние имаме различни улоги. Јас секогаш ќе бидам неговото мало девојче, а таа е негова свршеница“ – вели ќерката на Рафал кој има свршеница што е само една година постара од неа.

Ima-svrshenica-i-kjerka-na-ista-vozrast-ne-barav-tolku-mlada-zena-taka-se-sluchi-taa-ima-dobro-srce-i-postojano-me-zasmejuva-01.jpg

Оваа двојка има над половина милион следбеници на ТикТок, а причината поради која постои толку голем интерес за нив е невообичаената генерациска разлика. Таа има 21 година, а тој 43, а во видеата отворено говорат и одговараат на прашањата на некои од нивните следбеници.

Меѓу нив има 22 години разлика, а заедно се веќе две години. Ија и Рафал објавуваат видеа на нивниот ТикТок профил каде отворено говорат за нивната врска.

Ima-svrshenica-i-kjerka-na-ista-vozrast-ne-barav-tolku-mlada-zena-taka-se-sluchi-taa-ima-dobro-srce-i-postojano-me-zasmejuva-02.jpg

Рафал кој има 20-годишна ќерка признава дека кога ја запознал Ија, мислел дека таа е повозрасна, затоа што како што вели, ја запознал во бар во 2019-тата година.

„Не знаев колку години има кога почнавме да се дружиме, ама почнавме да се дружиме. Работев како келнерка и постојано го гледав овој маж како ме гледа“ – вели Ија.

„Таа беше единствената симпатична девојка таму. Па си помислив дека ако ја гледам подолго ќе го добијам нејзиното внимание и таа ќе дојде кај мене“ – вели Рафал.

Ија додава дека отишла кај него, по што веднаш почнале да разговараат и дека потоа ѝ го побарал телефонскиот број. Разговарале по телефон, а следниот ден Ија отишла кај Рафал дома и, како што вели, оттогаш „не си заминала“.

Во декември 2019-тата година Рафал ја побарал за жена и се надеваат дека наскоро ќе стапат во брак, секако со благослов на ќерката на Рафал, Селин која престојувала со татко ѝ за време на празниците.

„Многу се срамев, многу бев нервозна. Таа е поубава отколку што очекував. Навистина не гледам проблем ако се среќни. Разликата во годините не ме загрижува и не би требало да загрижува никого. Ние имаме различни улоги. Јас секогаш ќе бидам неговото мало девојче, а таа е негова свршеница“ – вели Селин.

Ima-svrshenica-i-kjerka-na-ista-vozrast-ne-barav-tolku-mlada-zena-taka-se-sluchi-taa-ima-dobro-srce-i-postojano-me-zasmejuva-03.jpg

Рафал вели дека честопати луѓето го прашуваат дали му е проблем што е во врска со некого кој е на иста возраст како неговата ќерка.

„Луѓето говорат за тоа дека сме заедно и дека тие двете се на иста возраст. Не е како да сум ја израснал или да сум имал другарки на нивна возраст со коишто сум се дружел. Не барав жена што е толку млада. Едноставно така се случи“ – вели Рафал.

Ија понатаму додава дека Рафал не барал млади девојки за да се забавува:

„Се сретнавме, јас бев полнолетна и воопшто не знаевме колку години имаме. Се вљубивме и сега сум свршена“ – вели Ија.

Рафал вели дека нешто што најмногу го сака кај Ија е што таа успева постојано да го изненади. Има добро срце и прави да се насмее искрено и не мора да глуми.

Погледнете ги нивните изјави во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=4-s9y7Vecik

Погледнете некои од нивните видеа објавени на ТикТок:

@19ordinary_girl19

When He forgets we have a 21 year Age Gap ? I wasn't even a thought YET #agegap #foryou #couplegoals #agegaplove #agegapcouple #couplestiktok

♬ WHY ARE SOO MANY PEOPLE USING MY SOUND - Cindy <3

@19ordinary_girl19

Get To Know Us ?❤ #agegap #relationship #foryou #couplestiktok#agegaplove #couplegoals #bestfriendgoals

♬ Jalebi Baby - Tesher

@19ordinary_girl19

spider prank on my fiance ? PAYBACK MUHAHAHAH#couplestiktok #comedy #reaction #prank#foryou #prankonfiance #fyp

♬ original sound - Thats So Iyah

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg