Забранети телефони, здолништа до глуждови: Детали за животот во религиозна секта во Велика Британија
Членовите на Bruderhof може слободно да ја напуштаат заедницата, а на 18 години тие дури се охрабрени да го сторат ова и да минат една година во надворешниот свет, пред официјално да се одлучат дали ќе ѝ се посветат комплетно на заедницата.
Една третина од тинејџерите одлучуваат да не се вратат. Но, повеќето се враќаат поради тоа што пренаселените градови им се напорни за живеење, им пречи вревата, празнотијата во животите на луѓето.
„Гледајќи ја празнотијата во животите на луѓето во модерното општество прави да ја сфатам вредноста на заедницата, радоста на посветување на животот на нешто поголемо од тебе. Тоа ме прави среќна“, вели членка на заедницата.
Инаку заедницата Bruderhof која важи за „место за браќа“ за првпат е формирана во Германија пред еден век, а оттаму се проширила во Велика Британија, САД, Австралија и Парагвај.
Заедницата во селото Сасекс е позната како „Darvell“ и е формирана во 1971 година, но дури неодамна дозволија камери внатре.
С. С. | Црнобело