Забранети телефони, здолништа до глуждови: Детали за животот во религиозна секта во Велика Британија
- Детали
- петок, 28 мај 2021
Состанувањето во тинејџерските години е забрането за да се избегне повредувањето и болката која често доаѓа од пропаднатите врски и членовите мора да чекаат до раните 20-ти години за да можат да стапат во врска со некого.
Во руралниот дел на Англија, во тивкото селце, Сасекс, живее заедница од 300 членови кои комплетно се враќаат кон корените и живеат сосема поинаку од начинот на кој се живее во модерното општество.
Новите членови на религиозната секта Bruderhof треба да се откажат од работите кои ги поседуваат и од финансиите пред да се вклучат.
Во оваа радикална христијанска група правилата се строги и жените треба да почитуваат одреден дрес код. Тие носат фустани, кои изгледаат како од 1920-тите години, долги до глуждовите и марами на главите.
Жена од оваа заедница во документарен филм за BBC открива: „Не сакаме да носиме ништо што ќе ја покаже нашата фигура. Ние не се обидуваме да го привлечеме вниманието кон себе, особено не на спротивниот пол. Скромни сме.“
И мажите во сектата носат старовремска облека.
Еден член вели: „Кога живеете во заедница како оваа каде ја цениме сексуалната чистина, воздржувањето до брак е многу важно. Сакам мојата сопруга и сите жени во заедницата да знаат дека никогаш нема да бидат сексуално вознемирувани на работното место.“
Кога станува збор за состанувањето, членовите на заедницата треба да побараат дозвола пред да стапат во врска со некого.
Состанувањето во тинејџерските години е забрането за да се избегне повредувањето и болката која често доаѓа од пропаднатите врски и членовите мора да чекаат до раните 20-ти години за да можат да стапат во врска со некого.
Врските се надгледувани од страна на родителите и водачите на заедницата и забранети се сексот пред брак, разводот и сексуални врски со припадници на истиот пол.
Во заедницата Bruderhof не се одобрува јавното понижување како начин на казнување.
Улогата на жените е првенствено мајки и домаќинки, но тие можат да бидат и учителки, докторки, продавачки, адвокатки, архитектки и кројачки, велат од заедницата. Но, главните домашни обврски ги извршуваат жените, додека мажите се занимаваат со земјоделие.
Мобилните телефони, видео игри и компјутери се забранети, а се забавуваат со пливање во езерата, кампување и активности на отворено.
На сите во заедницата им е доделена и неплатена работа за да придонесат кон подобро функционирање на заедницата.
Целата заедница е концентрирана на производство на мебел за детски соби и играчки од дрво и со тој финансиски приход го покриваат скромното функционирање на заедницата.
„Кај нас луѓето не одат во пензија. Имаме луѓе кои се во 90-тите години и сѐ уште вложуваат по час, два на ден во работата и се исполнети поради тоа“, вели во документарецот eден член на заедницата по име Бернард.
Сѐ што ќе остане од профитот заедницата го донира во хуманитарни цели за помош на жртвите од војни, глад и природни непогоди.