Инфлуенсерка обвинета за измама – земала државни пари и ги потрошила за луксузен одмор
- Детали
- вторник, 18 мај 2021
Инфлуенсерка која станала популарна на Инстаграм со тоа што се фали со луксузниот животен стил пред своите 40.000 следбеници, во моментов е обвинета дека извршила измама. Луксузниот животен стил што „го рекламирала“ е финансиран од државна помош стекната со интернет измама.
Инфлуенсерката од Мајами, како што пишуваат медиумите во САД, успеала да стигне до личните податоци на жртвата Л.М.С. зачувани во Регистарот на податоци за моторни возила на Масачусетс и ги искористила за да отвори банкарска сметка во нејзино име.
Даниел Милер (31) е обвинета за измама. Според јавното обвинителство во Бостон, инфлуенсерката ја искористила банкарската сметка за да аплицира и добила над 100.000 долари државна помош преку Администрацијата за мали бизниси.
Парите што ги добила ги искористила за приватен авион од Флорида до Калифорнија и за престој во луксузни хотели. Таа дополнително користела и лажна возачка дозвола на која биле отпечатени податоците на жртвата, но со нејзина фотографија.
Даниел објавувала фотографии од луксузниот одмор на својот Инстаграм профил. Освен тоа, таа аплицирала за дополнителни 900.000 долари користејќи ги податоците на други луѓе од споменатиот Регистар.
Доколку биде обвинета, инфлуенсерката може да добие затворска казна од 20 години и парична казна од 250.000 долари.
Дополнително, до нејзините фотографии на Инстаграм профилот може да се забележат низа негативни коментари. Некои од корисниците на социјалната мрежа се гневни затоа што користела државни пари за сопствениот луксуз, па така забележителни се голем број гневни и вулгарни коментари.
Меѓу другото, еден од следбениците ја прашал: „Дали сите 'лајкови' што ги доби вредеа?“
Во продолжение повеќе фотографии од Даниел:
https://www.instagram.com/p/CMs2HEOH3FG/
Б. С. Б. | Црнобело