Јапонски град мета на критики – со финансиска помош за справување со пандемија си направиле огромна статуа од лигна (фото)

Јапонскиот град Ното се најде на мета на критики, откако локалните власти искористиле дел од парите за финансиска поддршка за време на пандемијата за да направат огромна статуа од лигна.

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-01.jpg

Лигната е деликатес во рибарскиот град Ното, но скоро никој не се израдувал кога во близина на пристаништето на градат се појавила статуа од лигна, долга 13 метри. Според локалните власти, пак, статуа е туристичка атракција што ќе привлече повеќе туристи.

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-02.jpg

Исто како повеќе градови во Јапонија, и Ното доби финансиска помош од државата како дел од програма која сака да ја поттикне локалната економија среде пандемијата. Ното добил околу 7,3 милиони долари, а за статуата, која е висока четири метри, потрошиле околу 230.000 долари.

Јапонија се соочува со уште еден бран на пандемијата и иако во градот Ното немало голем број заразени, сепак забележале намалување на туризмот. Токму поради ова, локалните власти сметале дека лигната, како туристичка атракција, е добра инвестиција.

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-03.jpg

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-05.jpg

Но, локалните жители не се согласуваат со ова. Иако градот не бил обврзан да ги искористи парите директно за пандемијата, некои одат дотаму што велат дека тие пари мораат да се вратат.

Според коментарите на социјалните мрежи, повеќето луѓе се согласуваат дека тие пари е многу подобро да им се дадат на луѓето во најкритична положба поради пандемијата. Наводно, локалните власти почнале да ја прават статуата уште кон крајот на минатата година, а ја изложиле во градот во март годинава.

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-04.jpg

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-06.jpg

japonski-grad-meta-na-kritiki-si-napravile-ogromna-statua-od-ligna-so-finansiskata-pomosh-za-pandemijata-foto-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Поголемата ќерка ја доела до 6 години, а помалата ќерка (3) сè уште ја дои - Мајка од Романија стана... „Јас моите ќерки не ги одбивам од доење, им давам сè додека тие не посакаат да с...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg