Кралицата Елизабета во костим за капење, средби со Тито - досега невидени фотки од кралското семејство
- Детали
- четврток, 08 април 2021
Лежерно издание во двор по костими за капење, уживање во базен со сопругот, средба со Тито - погледнете ги досега невидените фотки од британското кралското семејство, во необично издание на кое што не сме навикнати, по повод 95-иот роденден на кралицата месецов.
Во чест на 95-тиот роденден на Кралицата Елизабета Втора, британските медиуми најавуваат нов документарен филм во кој ќе бидат опфатени досега невидени снимки во јавноста. Меѓу другото, кралицата Елизабета Втора ќе имаме можност да ја видиме во сосема неочекувани, лежерни изданија.
Овие несекојдневни фотографии од кралското семејство се земени од семеен филм. Имено, видео снимката е снимена за време на божиќните празници во 1953-тата година, а снимени се кралицата и нејзиниот сопруг во опуштена атмосфера, покрај базен.
За време на посетата на Нов Зеланд, кралицата и принцот Филип престојувале во кралскиот воз (опремен со кревети), а со него поминале 110 настани во 46 градови и населени места.
Снимката е направена од Патриција Нори, сопругата на тогашниот главен гувернер на Нов Зеланд, Сер Вилоуби Нори, кој бил домаќин на кралската двојка за време на седуммесечната турнеја.
Ова видео ќе биде дел од документарен филм насловен „Тhe Queen Unseen“, кој ќе биде прикажан во британските медиуми, а во чест на нејзиниот 95-ти роденден.
Инаку, ова е првата турнеја на кралицата по нејзиното крунисување истата година, а се вели дека таа и нејзиниот сопруг Филип не можеле да се израдуваат што конечно добиле шанса за одмор.
Покрај овие, во филмот ќе бидат застапени и други досега невидени фотографии од кралското семејство низ годините.
Меѓу другото, интересен факт, што се споменува во филмот е и дека кралицата е прв монарх што посетила комунистичка држава кога се сретнала со претседателот на тогашна Југославија, Јосип Броз Тито во Белград во 1972 година. Во филмот ќе бидат застапени снимки и од оваа средба.
Уште неколку фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело