„Изгледа морничаво“ – Меланија Трамп критикувана за роденденската честитка на синот Барон
- Детали
- вторник, 23 март 2021
Меланија Трамп му го честиташе 15-иот роденден на Барон Трамп, но јавноста веднаш ѝ замери за необичната фотографија. Оние, пак, кои ја бранат, велат дека луѓето што го мразат Доналд Трамп треба да престанат со негативните коментари насочени кон Меланија.
Синот на Доналд и Меланија Трамп, Барон, го прослави првиот роденден по заминувањето од Белата куќа, а Меланија реши да му честита со морничава фотка, како што многумина ја нарекуваат.
На својот Твитер профил, таа сподели фотографија од црни балони во форма на бројот 15, а во описот покрај „Среќен роденден“, ги напишала само неговите иницијали.
Happy birthday BWT ❤️❤️❤️ pic.twitter.com/8AVZEhLeMg
— MELANIA TRUMP (@MELANIATRUMP) March 20, 2021
Како и секогаш, мислењето на твитерџиите беше поделено, а на објавата на Меланија веќе има над 9.000 коментари.
Додека повеќето му го честитаат роденденот на Барон во коментари, некои се фокусираат на тоа дека фотографијата изгледа морничаво:
„Си можела да објавиш посреќна фотографија. Ова изгледа малку морбидно“.
„Среќен роденден на Барон, но зошто да одбереш црни балони за 15-иот роденден?“
„Не само балоните, цела фотографија има темна и мрачна нијанса“.
„Ова е најзастрашувачката честитка за среќен роденден што сум ја видел. Изгледа малку злобно“.
Оние кои решиле да ја одбранат Меланија, велат дека нема потреба од злобни коментари:
„Не ми се верува што читам. Ова е само мајка која сака да го прослави роденденот на нејзиниот син“.
„Може ли оние што го мразат Доналд Трамп да престанат со лошите коментари?“
Барон Трамп е најмалиот син на Доналд и единственото биолошко дете на Меланија, а поради возраста, обично се држеше понастрана од очите на јавноста додека траеше претседателскиот мандат на Трамп.
Според изворите, тој бил нејзин главен фокус, особено додека траеше мандатот на Доналд.
„Меланија е одлична мајка и ова е нејзината најважна улога. Моментално Барон е најважно нешто во нејзиниот живот“, тврдат извори блиски до семејството.
На нејзиниот Твитер профил Меланија никогаш не споделува лични работи и најчесто објавува фотки, видеа и информации од нејзиниот професионален живот.
Објавата за роденденот на Барон е еден од ретките случаи Меланија да го искористи својот профил за нешто лично. Доналд Трамп, пак, уште има забрана за користење на Твитер, но според некои извори планирал да лансира своја социјална мрежа.
Спирова С. | Црнобело