Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


На 67-годишна возраст почина легендарниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ

Српскиот портал Blic пренесува дека денес починал познатиот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ, на 67-годишна возраст, од воспаление на белите дробови.

na-67-godishna-vorzrast-pochina-poznatiot-srpski-pejach-gjorgje-balashevikj01.jpgфото: Facebook

Пред три дена, пејачот бил хоспитализиран поради воспаление на белите дробови. Десетина дена се лекувал дома, но кога му се влошила состојбата бил префрлен во клиника. Blic пренесува дека Балашевиќ бил и позитивен на корона вирусот.

После Blic, веста беше потврдена и за РТС.

Балашевиќ е еден од најпознатите српски и југословенски пејачи и текстописци. Има издадено 14 албуми, а има глумено и во неколку телевизиски серии, за кои ја напиша и музиката.

Во 1977-ма тој стана дел од групата „Жетва“, но веќе следната година ја напушти и формира нова група - Рани мраз - заедно со Верица Тодоровиќ.

Во 1982-ра година Балашевиќ ја започна соло кариерата, и набрзо се претвори во најомилениот пејач и текстописец на просторот на поранешна Југославија.

Потсетување на најдобрите песни на Балашевиќ кои секогаш ќе ни бидат врежани во срце:

Би можело да ве интересира:

Зошто пејачот Владо Георгиев не јаде веќе 9 дена? По скандалот со апсењето поради возењето во алкохолизирано издание и со прекумер...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
На бившата сопруга ѝ скрши ребро, доби забрана за пристап: Скандалозниот српски кикбоксер има нова ... Македонската јавност, покрај по спортските успеси, го знае Ненад Пагонис и од шо...
Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg