Девојка опседната со Дизниленд - патувала стотици пати годишно дотаму, па се преселила во близина
- Детали
- четврток, 18 февруари 2021
Алис Пејн е мајка на 3 деца која со години е опседната со Дизниленд, па дури го натерала сопругот да напуштат сѐ и да се преселат во близина на овој забавен парк за секој ден да ја „живеат“ неговата магија.
Алис Пејн (26) е мајка на 3 деца која е опседната со Дизниленд, таа оди дотаму што вели дека тоа е нејзин начин на живот.
Кога била бремена со третото дете во 2019 година Алис со сопругот Остин одлучиле од Јужна Каролина да се преселат 800 километри подалеку на Флорида за да бидат барем малку поблиску до Дизниленд.
„Луѓето ми велеа дека сме луди, но јас не се грижев за тоа. Сакам сѐ во врска со Дизни светот. Ја сакам магијата. Можам да одам и да седам пред некој од замоците засекогаш – особено кога имам лош ден. Плус, гледањето на овој магичен свет низ очите на моите деца е навистина слатко“, вели Алис.
Инаку, пред да се преселат таму семејството еднаш месечно со комбе одело во Дизниленд и минувало огромен пат.
Но, на Алис тоа не ѝ било доволно и сакала нивниот дом да биде во близина на ова магично место.
„Секогаш бев тажна и плачев кога од Дизниленд се враќавме во Јужна Каролина и токму една од моите омилени фрази од Дизни бајките дека „Ако сонуваш нешто повеќе од еднаш, тогаш тоа ќе ти се исполни“ беше всушност таа која направи да се преселиме поблиску до Дизни светот.“
Алис обожава да се облекува како Дизни ликовите понекогаш, а вели дека е пресреќна затоа што Дизни паркот сега ѝ е на 20 минути возење од дома.
Фотографии од „Дизни животот“ на Алис:
https://www.instagram.com/p/CF5RRVhD67F/