Louis Vuitton мета на шеги поради „најгрдиот џемпер“ – украсен е со кадифени играчки и чини 8.000 долари

Познатиот бренд Louis Vuitton се најде на мета на шеги и критики поради џемпер од новата колекција, кој во Кина чинел околу 8.000 долари и е украсен со 14-тина кадифени играчки.

 louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-01.jpg

Џемперот има тегет боја, направен е од волна и има многу необични детали – на него се зашиени околу 14 кадифени играчки.

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-02.jpg

Според сајтот на познатиот бренд, џемперот е дел од новата колекција, за која наводно дизајнерот црпел инспирација од детството.

Колекцијата ја сочинуваат неколку парчиња украсени со цртани ликови кои изгледаат навистина интересно, но за џемперот речиси и да нема позитивен коментар.

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-07.jpg

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-08.jpg

Најпрво џемперот бил забележан на кинескиот сајт на брендот, каде што се продавал по цена од 8.200 долари. Но, сега на истиот сајт пишува дека е распродаден. Моментално џемперот е огласен и на европскиот сајт на брендот, каде што нема наведено цена и пишува дека се изработува по нарачка.

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-06.jpg

Социјалните мрежи се преплавени со шеги и критики за џемперот, а повеќето нагласуваат дека „вакво чудо“ може да се направи за многу пониска цена.

„Јас ќе го направам ова за 10 долари“.

„Ова е последица од пандемијата“.

„Ако сакате ваков џемпер, само извалкајте се во играчките на вашето дете“.

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-03.jpg

Многумина се шегуваат и за тажниот израз на лицето на моделот:

„Јасно ни е зошто моделот изгледа толку разочарано“.

„Дури и моделот изгледа тажно. Зарем не се случија доволно лоши работи досега па да нè малтретирате и со ова?“

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-04.jpg

Но, постојат и луѓе на кои им се допаднал дизајнот и сметаат дека џемперот е уникатен и креативен.

louis-vuitton-meta-na-shegi-poradi-najgrdiot-dzhemper-na-svetot-ukrasen-e-so-plishani-igrachki-i-chini-8-000-dolari-05.jpg

Што мислите вие, дали ова парче облека навистина е креативно, или сепак си ги заслужува шегите и критиките?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg